Запознајте ја старата струмичка кујна – САРЛИИ

Оваа типично струмичка баклава се правела само за Бадник, како посна, полиена со зејтин, не со растопено масло. Имала посебно место и значење на бадниковата трпеза. Со запалена свеќа на средината, најстариот во семејството најчесто од страна на таткото, заедно со сите други, посебно децата, излегувале на вратата и го канеле Дедо Божик… Повеќе →

Денес е Бадник – Коледе

Бадник или Коледе се нарекува денот пред раѓањето на Исус Христос (Божик), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6-ти јануари секоја година, а Божик на 7-ми јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Повеќе →

Осум бесплатни начини за подмладување

Третманите за разубавување, како и соодветната козметика помагаат за одржување на свежиот изглед на лицето и телото. Но ако сакате да изгледате помлади и без тие помошници, ќе ви откриеме осум животни навики кои ќе ве подмладат. Повеќе →

5 начини на кои витаминот Ц ве разубавува

Здравствените придобивки до сега ги научивте на памет, па затоа денес ве запознаваме со поубавата страна на витаминот Ц. Повеќе →

Најдобрите чаеви за брзо и здраво слабеење

Чаевите се богати со антиоксиданси и многу здрави состојки, токму и затоа тие се совршен избор за оние кои сакаат да ослабат. Само неколку чаши чај дневно ќе направат чудо за вашата линија. Повеќе →

Несекојдневни фотографии ФОТО:

Повеќе →

Тиверија ќе се бори за шампионска титула во Првата женска фудбалска лига!

Женскиот фудбалски клуб Тиверија од Струмица во пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига ќе се бори за шампионската титула. Струмичките фудбалерки првиот дел од сезоната, односно есенскиот дел го завршија на второто место на табелата со 4 бода помалку од есенскиот и актуелен шампион Каменица Саса кој има 39 бодови.

ЖФК Тиверија Струмица - ЖФК Скопје 2014 - 1. коло

Тиверија одигра фантастична полусезона што ќе понуди атрактивна пролет во борбата за шампионската титула.

Во битка за шампионска титула влегуваат и Деспина од Прилеп која е трета, Скопје кој е четврт и АС Јунајтед кој е петти на табелата со по 34 освоени бодови.

Тиверија има одлична екипа која е воиграна и според есенската форма е најголем кандидат за да дојде со шампионската титула.

За прв пат од следната сезона ќе има и Втора женска фудбалска лига, па од Првата лига ќе испаднат дури седум екипи, односно само првите осум ќе останат во Првата женска фудбалска лига.

ОФИЦИЈАЛНО: Манев, Јовановски и Шаркоски први засилувања за Академија Пандев

Откако Академија Пандев го реши прашањето за тренерската позиција и го назначи Александар Васоски за нов тренер, на ред дојдоа и засилувањата на играчкиот кадар за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Коста Манев, Марко Јовановски и Николче Шаркоски - Академија Пандев

Први засилувања за „пандевци“ се централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски.

Манев настапуваше во Босна и Херцеговина каде го носеше дресот на Вележ, но неколку месеци беше без клуб, Марко Јовановски последно настапува за Македонија ЃП, додека Николче Шаркоски доаѓа од редовите на Работнички.

Три играчи кои ќе го донесат потребното искуство на младиот тим. До почетокот на припремите екипата ќе се докомплетира со уште неколку засилувања.

Играчи кои досега ја напуштија Академија Пандев се Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.

Астраион ќе се бори за опстанок во Суперлигата – цел распоред на натпревари

Минатата недела во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа извлекување на редните броеви за одредување на распоредот за натпревари во плеј-аутот од ракометната Суперлигата на Македонија.

Струмички Астраион ќе игра во плеј-аутот каде ќе се бори за опстанок во Суперлигата. За струмичките ракометари ова беше прва сезона како се натпреваруваат во најсилното ракометно натпреварување во нашата држава.

Во првото коло Астраион на домашен терен ќе игра со Младост од Богданци, додека во полседното ќе игра на домашен терен против Радовиш.

На фотографијата е целиот распоред на натпревари за Астраион.

Плеј-аут Суперлига

Игор Паноски ја напушти Беласица

Игор Паноски од денес повеќе не е играч на Беласица, откако младиот стопер се реши да си замине од струмичкиот прволигаш, дознава Струмица Сити. 21-годишниот прилепчанец во Беласица пристигна минатата година.

Игор Паноски - Беласица

Паноски во својата кариера покрај Беласица има настапувано и за Победа, Партизан Обршани, Металург, Кожуф и 11-ти Октомври.

Претходно од Беласица си заминаа голманот Силјаноски, бразилскиот ас Робсон и младиот Размоски кој го засили Пелистер.