
Денес на теренот со вештачка трева ќе се одигра контролен меч меѓу прволигашите Тиверија Брера и Истатов, со почеток од 17:30 часот.
Овој меч доаѓа како реванш откако двете екипи еднаш се тестираа во Дојран пред околу десеттина дена, тогаш струмичанки беа подобри со 3:5 од „истатовки“.
Стратезите Славе Велков и Кирил Изов ќе имаат можност за уште една проверка за тоа како оди подигањето на формата.
Александар Ванев, Струмица Сити








