Манифестацијата “Ајверијада 2013” ќе се одржи на 20 октомври 2013 година (недела) со почеток во 12 часот. Истата ќе има натпреварувачки карактер на која ќе биде прогласен најдобриот домашно приготвен “ајвер”. Повеќе →
Одржан свечен прием за првачињата од општина Струмица
Во чест на првачињата и нивното придружување на Детската оргазнизација на Македонија, денеска во НУЦК „Антон Панов’’ се одржа свечен прием. Постарите училишни другари за нив изведоа приредба, и со игра и песна им посакаа добредојде во „школскиот свет’’. Повеќе →
Тип на денот 1-х-2 за четврток, 10 октомври
Гeorgia U21 – Netherlands U21- 2+
Hungary U21 – Austria U21 – 1х
Portugal U21 – Israel U21 – 2+
Scotland U21 – Slovakia U21 – х2
Временска прогноза за Струмица, 10 октомври
Времето денеска во Струмица претежно Повеќе →
Здружението „Новус“ организира трибина за говорот на омраза
Здружението „Новус“ од Струмица почна со реализација на проектот „Препознавање и борба против говорот на омраза“ кој се реализира со финансиска поддршка на општина Струмица. Во рамките на проектот, утревечер со почеток во 19 часот во домот на АРМ ќе се одржи првата трибина на тема „Улогата на медиумите во препознавањето на говорот на омраза“.
Тип на денот 1-х-2 за среда, 9 октомври
Mayer F. (Ger) – Paire B. (Fra) – 2
Vasas – DVTK – 2
Pécsi MFC – Kaposvári – х2
1860 Rosenheim – SV Heimstetten – 2+
Костадин Мартинов од Ново Село трчаше на големиот амерички маратон
Костадин Мартинов од Ново Село, беше единствениот „глобален херој’’ од Македонија кој учествуваше на големиот маратон во америчките градови Минеаполис и СТ Паул на 6 октомври, на кој учество зазедоа преку 10 илјади професионални и аматерски тркачи од целиот свет.
Мартинов, како преставник на лицата со дијабетес Тип 1 во тимот „Medtronic Global Heroes’’, трчаше маратонска стаза долга 42,2 км, заједно со „глобални херои’’ од уште 12 држави – Австралија, Кина, Ирска, Германија, Нов Зеланд, Португалија, Шведска, Тринидад и Тобаго, Уругвај и САД.
Костадин МартиновПрограмата наречена „Medtronic Global Heroes“ е лансирана во 2006 година, претставува програма што служи како инспирација за други луѓе кои страдаат од хронични болести.Секој од натпреварувачите на оваа трка има вграден или користи медицински уред што му помага во лекувањето на различни нарушувања на здравјето и при посебни состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, хронични болки, како и невролошки нарушувања и нарушувања во ‘рбетот.
Временска прогноза за Струмица, 9 октомври
Времето денеска во Струмица умерено облачно со максимална температура до 19 степени.
Во Струмица ќе се одбележи 100 годишнината од прогонот на Бежанците
Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, на 11 октомври ќе се одбележи 100 – годишнината од прогонот на Бежанците под мотото „Да не се заборави, да не се повтори“. Средбата на која се поканети сите потомци на Македонците – бегалци од Егејска Македонија од 1913 година, ќе започне во 12 часот на плоштадот „Гоце Делчев“. Повеќе →
ПАНДЕВ ВО ДРЕСОТ НА АБЦ
НЕКОЈ СИГУРНО ЌЕ СЕ ПРЕПОЗНАЕ!!! Повеќе →