Во НУЦК „Антон Панов’’ вечерва беше отворена изложбата на слики на Љупка Галазка- Василев. Повеќе →
ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК – ЈАЗИК НА ИДЕИТЕ
ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК Е ЈАЗИК КОЈ НАЈМНОГУ СЕ ЗБОРУВА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА, А ВОЕДНО Е И ЕДЕН ОД ТРИТЕ НАЈВАЖНИ ЈАЗИЦИ ВО ОРГАНИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА. Повеќе →
Тип на денот 1-x-2 за среда, 13 ноември
Тип на денот 1-x-2 за среда, 13 ноември Повеќе →
Локалниот економски – социјален совет ги зајакнува капацитетите
Членовите на Локалниот економски – социјален совет на општина Струмица во домот на АРМ одржаа работилница за јакнење на капацитетите. Повеќе →
Младиот гитарист Стојан Стојан во емисијата „Дете талент’’
Младиот гитарист Стојан Стојан во емисијата „Дете талент’’ Повеќе →
Временска прогноза за Струмица, 13 ноември
Времето денеска во Струмица Повеќе →
Струмичанецот Дејан Илиев меѓу 50-те најголеми таленти од Источна Европa
Голманот на Арсенал, Дејан Илиев кој настапува за помладиот тим на “топчиите“ се наоѓа на 13-то место од “Slavic Football Union“ специјализиран фудбалски сајт кој обајви ранг листа на 50-те најголеми таленти од Источна Европa. Повеќе →
Парталов: Господо од ВМРО-ДПМНЕ, треба да објасните како, на кого и колку МЗШВ и другите институции исплаќале и кој и каква проценка извршил
Секретарот на Општина Струмица, Кирил Парталов денеска одржа прес како реакција по повод обвинувањата од ОК ВМРО ДПМНЕ во врска со поплавите и обесштетувањата. Во прилог, интегрален текст:
Конкурс за доделување на награди за литературна творба(поезија) посветена на градот Струмица
Комисијата за општествени дејности при Советот на општина Струмица, по повод 11 Декември, Денот на заштитниците на град Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” распишува Конкурс за награди за литературна творба(поезија) посветена на градот Струмицa.
Со литературни творби (поезија) посветени на градот Струмица, може да се конкурира во три категории и тоа:
1. Ученици од основните училишта
2. Ученици од средните училишта
3. Возрасни автори
За секоја од трите категории ќе се доделат: прва, втора и трета награда.
Наградите во категориите за ученици од основните и средните училишта се состојат од диплома и вредносен предмет (книги).
Наградите во категоријата „возрасни граѓани’’ се состојат од диплома и паричен износ.
Литературните творби посветени на градот Струмица треба да се достават во 3 (три) печатени примероци, во шифрирана форма и тоа: во посебен плик да се стават податоците за авторот и пликот да е затворен и на него да се напише шифрата.
Творбата и пликот со податоците за авторот да се стави во друг плик на кој ќе е напишана адресата : Локална Установа Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица ул. „ Благој Мучето“ бр. 26 Струмица, со назнака на горниот десен агол „ Конкурсот за доделување на награда за литературен состав посветен на град Струмица“ и шифрата.
Изборот на наградените ќе го изврши Комисијата за општествени дејности при општина Струмица.
Конкурсот трае заклучно со 26 ноември 2013 година. Творбите доставени по истекот на рокот наведен во конкурсот нема да се разгледуваат.
Дополнителни информации на тел:
– ( 034) 348-030, локал 106 – Општина Струмица
– ( 034) 349-040 – ЛУ Библиотека „ Благој Мучето“ Струмица