Веројатно сите сме свесни дека малкумина ја имаат таа можност да го изберат просторот на живеење, онаков каков што посакуваме да биде во целост. Дали е недостаток на соби или недостаток на простор во собите, се случува… Но, тоа не значи дека и во тие случаи не можете да си го направите домот најпријатно место за живеење и да го уредите онака како што вам ви одговара. Еве неколку идеи доколку вашата кујна не го нуди просторот кој мислите дека ви е потребен: Повеќе →

Ракометарите на Астраион во сабота ...
Ракометарите на Астраион од Струмица во сабота ги очекува натпреварот од седумото коло на плеј-офот од Првата лига против екипата на Текстилец, в...

Брера Струмица и во следната сезона...
ФОТО: ФК Брера Струмица Екипата на Брера Струмица се избори за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига и во следната сезона ќе биде ...

Тиверија Брера со СЕДУМ гола го дек...
ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата! Фудбалерките на Тивери...

Пионерите на А.П. Брера се победниц...
ФОТО: ФФМ Фудбалерите на А.П. Брера го освоија трофејот во финалето од Купот на Македонија за пионери победувајќи го тимот на Пелистер со минимале...
-
Креативни идеи за мали ку...
-
Ракометарите на Астраион ...
-
Брера Струмица и во следн...
-
Тиверија Брера со СЕДУМ г...
-
Пионерите на А.П. Брера с...
-
Трагедија во Струмица: Пр...
-
Сулев е легенда на Беласи...
-
Тиверија Брера го загуби ...
-
Беласица денес ќе игра пр...
-
Тиверија Брера против Љуб...
-
ВИДЕО: Тренерот на Беласи...
Струмица

Ракометарите на Астраион во сабота гостуваат кај Текстилец во Штип
Ракометарите на Астраион од Струмица во сабота ги очекува натпреварот од седумото коло на плеј-офот од Првата лига против екипата на Те...
-
Брера Струмица и во следната сезона ќе игра во Прв...
ФОТО: ФК Брера Струмица Екипата на Брера Струмица се изб...
-
Тиверија Брера со СЕДУМ гола го декласираше Атлети...
ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографија...
-
Пионерите на А.П. Брера се победници во Купот на М...
ФОТО: ФФМ Фудбалерите на А.П. Брера го освоија трофејот ...
Занимливости

Знаци дека сте премногу уморни за да возите
Ако почнете да зевате додека сте зад воланот, исправете се на вашето седиште и фокусирајте се н...
-
Што е секундарен стрес и како да го препознаете?...
Сочувството со другите луѓе или емпатијата може да дове...
-
Влијанието на бучавата врз здравјето е многу погол...
Се проценува дека во Европа 40 отсто од населението е и...
-
Ова овошје ја подобрува функцијата на црниот дроб ...
Мислите дека немате причина да се грижите за вашиот црн...
Ноќен живот

Легендарниот Тони Цетински во петок во Аватар
Најпопуларниот хрватски пејач Тони Цетински во петок доаѓа во Аватар. Македонија во 2005 година имаше можност да го запознае како пријател ...
-
Клуб Аватар најавува добра забава четири дена!...
Ни претстои богат музички викенд. (more…)...
-
Мега популарните #HURRICANE во петок во клуб Авата...
Аватар Гордо ви го најавуваме најактуелното женско трио на ...
-
Дочек на Стара Нова година во Хотелот Сент Џорџ...
Традиционално и оваа година Хотелот Сент Џорџ ве поканува на...
Струмичко ќоше

Трите најголеми проблеми на струмичани за Карневалот
Ќе ви кажам едно – кој вика оти Карневало не е озбилна работа, сигурно не е струмичанец. (more…)...
-
Моја, твоја, наша Струмица – Струмички карневал...
Богатата традиција на Струмица содржи и негува во себе еден ...
-
Струмичкиот карневал – едно од најбитните обележја...
Секоја година на почетокот од Велигденскиот пост на струмич...
-
Колешино – непресушниот струмички бисер...
Во средината на Подгорот, на надморска височина од 270 метри...
Струмичка кујна

СТРУМИЧКА КУЈНА : Колач со сливи и ореви
Во сезоната на сливите, еден колач, преубав, превкусен, старински. Е, само што ми се случи да немам прашок за пециво, ееех, мене тоа да ми ...
-
СТРУМИЧКА КУЈНА: Печени ребра...
(more…)...
-
Толумби на струмички начин. Ем лесно, ем струмичко...
Сакате да зготвите нешто благо а не знаете што? Што велите з...
-
СТРУМИЧКА КУЈНА: Печени тиквици со каша...
(more…)...
Ракометарите на Астраион во сабота гостуваат кај Текстилец во Штип

Ракометарите на Астраион од Струмица во сабота ги очекува натпреварот од седумото коло на плеј-офот од Првата лига против екипата на Текстилец, во меч кој се игра во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип.
Ова ќе биде дерби за третото место на табелата. Штипјани се трети со девет бодови на своето конто, а пак струмичани се четврти со седум освоени бодови.
Натпреварот ќе започне во 16 часот, а судиска двојка ќе биде Стојанче Јовановски и Дамјан Савиќ од Скопје, додека пак делегат на мечот ќе биде Кристијан Белимов од Скопје.
Александар Ванев, Струмица Сити
Брера Струмица и во следната сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига!

Екипата на Брера Струмица се избори за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига и во следната сезона ќе биде дел од елитата.
Струмичани имаа тешка сезона, а во пролетниот дел водеа борба на секој натпревар за собирање на бодови со цел да изборат директен опстанок, а целта е остварена.
Струмичани сезоната ја завршија на деветтото место на табелата со 34 бодови на своето конто со учинок од девет победи, седум ремија и 17 порази, а притоа фудбалерите постигнаа 41 гол, а одбраната прими 56 гола.
Струмица и во следната сезона ќе гледа прволигашки фудбал, а Брера Струмица останува во елитата.
Александар Ванев, Струмица Сити
Тиверија Брера со СЕДУМ гола го декласираше Атлетико од Битола!

Фудбалерките на Тиверија Брера вчера го одиграа последниот натпревар на домашен терен пред својата публика за оваа сезона, а на последниот меч пред својата публика струмичкиот тим со убедливи 7:0 го декласираше Атлетико од Битола.
Јасна беше разликата во квалитет и сосема очекувана беше оваа висока победа за Тиверија Брера. Кристина Нафула постигна хет-трик за домашниот тим, двоен стрелец беше младата Ангела Димчова, а по еден гол постигнаа Павлинка Николовска и Билјана Паневска.
Во недела ќе се одиграат натпреварите од последнто коло, а во рамки на истото екипата на Тиверија Брера ќе гостува во Тетово каде ќе игра со старо-новиот шампион Љуботен.
Александар Ванев, Струмица Сити
Пионерите на А.П. Брера се победници во Купот на Македонија

Фудбалерите на А.П. Брера го освоија трофејот во финалето од Купот на Македонија за пионери победувајќи го тимот на Пелистер со минимален резултат 1:0.
Херојот во таборот на струмичани беше Матеј Сејменов, кој во 48. минута од средбата се најде на вистинско место, стрелајќи прецизно за предност, а на крај и победа на А..П. Брера со 1:0.
Двете екипи одиграа доста борбен натпревар, со голема пожртвуваност и желба за победа. На крајот еден гол беше одлучувачки за конечниот исход на средбата.
Александар Ванев, Струмица Сити
Трагедија во Струмица: Пронајден починат матурант без траги на насилство
На 19.05.2025 во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Сулев е легенда на Беласица – 250 натпревари во плаво-белиот дрес!

Фудбалерот Стефан Сулев е вистинска легенда на Беласица. 35-годишниот фудбалер влезе во клубот “250”, откако одигра 250 натпревари за струмичкиот клуб.
Пред натпреварот со Борец, кој за Беласица беше последен на домашен терен во тековната сезона од Втората лига, Сулев го прослави својот јубилеј со мала свеченост.
Претседателот на клубот му подари дрес во рамка со бројот 250, како симболично признание за неговата верност и придонес.
„Неговата љубов и пожртвуваност кон клубот нека бидат пример за генерациите што доаѓаат. Му посакуваме многу среќа, здравје и уште многу години да го носи дресот што живот значи“, велат од ФК Беласица.
Сулев е вистински пример за посветеност кон фудбалот и спортот. Пример што го следат многу млади фудбалери и пример за професионален спортист кој секогаш го дава максимумот на теренот за својот тим.
Во својата кариера има настапувано и за Кожуф и Хоризонт Турново во Првата македонска фудбалска лига.
Александар Ванев, Струмица Сити
Тиверија Брера го загуби финалето од Купот на Македонија, откако беше поразена од Љуботен

Фудбалерките на Љуботен продолжуваат да испишуваат историја во женскиот фудбал. Со убедлива победа од 3:0 против Тиверија Брера, тетовскиот клуб по третпат во низа го освои Купот на Македонија, а посебно импресивен е патот до титулата, кој го поминаа без да примат ниту еден гол.
Финалето се одигра на еден од терените на ФФМ во Скопје, каде Љуботен уште од првата минута наметна свое темпо и доминираше на теренот. Првата голема шанса ја имаше капитенката Александра Марковска, која ја затресе стативата, а потоа следуваа уште неколку обиди. Сепак, резултатот беше отворен дури во 45. минута, кога нигериската интернационалка Мариан Огочукву Охадиве погоди за водство од 1:0 на полувреме.
Во вториот дел, Охадиве повторно беше прецизна – само пет минути по продолжението зголеми на 2:0, ставајќи сериозен печат на настапот на Љуботен. До крајот, Ева Величковска во 89. минута со прецизен удар ги постави конечните 3:0, со што Љуботен стигна до својата трета последователна Куп-титула.

Но, оваа победа е само кулминација на доминантниот настап на Љуботен низ целата Куп сезона. Тимот од Тетово го започна натпреварувањето со убедлива победа од 21:0 над Порече во осминафиналето. Во четвртфиналето, беа поуспешни од Вардар со 8:0, додека во полуфиналето славеа со 2:0 на гостувањето против Каменица Саса, реприза на минатогодишното финале. Најимпресивен е податокот дека Љуботен ја заврши Куп-сезоната со вкупна гол-разлика од 34:0, што најдобро го отсликува нивното владеење на терените.
Од друга страна, и Тиверија Брера имаше одличен настап во Купот, откако во осминафиналето го победи Билјанини Извори со ист резултат од 21:0, во четвртфиналето го совлада Атлетико со 5:0, а во полуфиналето триумфираше над Скопје со 1:0. Но, во финалето, Љуботен беше подобриот противник и заслужено се закити со нов трофеј.

Тетовки сега се пред нов историски момент – во Првата женска фудбалска лига се блиску до одбрана на шампионската титула, со што би ја заокружиле сезоната со двојна круна.
Александар Ванев, Струмица Сити
Беласица денес ќе игра против Борец, последен домашен натпревар

еласица денес на стадиоонот „Благој Истатов“ во Струмица ќе го пречека велешки Борец во претпоследното 29. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Ова е последен натпревар на Беласица на домашен терен и пред домашната публика за актуелната сезона 2024/2025 година.
Беласица ќе биде голем фаворит на денешниот натпревар против отпаднатиот Борец, кој од следната сезона се враќа во Трета лига – Југ.
Александар Стојанов, тренерот на Беласица кој доби два жолти картони на мечот со Брегалница во Штип во претходното коло, нема да може да ја води Беласица од клупата, бидејќи двата жолти картони се автоматски црвен картон, па така Стојанов ќе треба да биде на трибините на денешниот меч.
Главен судија на денешниот натпревар ќе биде Владимир Ѓорѓиевски од Битола, а натпреварот ќе започне во 17 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити
Тиверија Брера против Љуботен во големото финале од Купот на Македонија

Во големото финале од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се соочат екипите на Тиверија Брера и Љуботен, откако двете денес обезбедија победи во полуфиналните натпревари.
Херојка на Тиверија Брера беше 19-годишната Билјана Панеска, која со гол во 31. минута го реши дуелот против Скопје и го одведе својот тим во финалето.
Во вториот полуфинален меч, Љуботен триумфираше со 0:2 на гостувањето кај Каменица Саса. Екатерина Фролова беше двоен стрелец, со голови во 6. и 74. минута.
Во финалето, Тиверија Брера ќе се обиде да го предизвика актуелниот бранител на трофејот – Љуботен од Тетово.
Александар Ванев, Струмица Сити
ВИДЕО: Тренерот на Беласица, Александар Стојанов со анализа за мечот со Брегалница и добиениот црвен картон!

Екипата на Беласица загуби на гостувањето кај Брегалница со минимални 1:0, во рамки на вонредното 28. коло на Втора лига. Голот го постигна Стефан Бабунски за рано водство на „сините“, а потоа мрежите „замрзнаа“ и немаше погодок.
Беа поделени 11 жолти картони и два црвени. По завршувањето на мечот втор жолт картон доби голманот на Брегалница, Дамјан Серафимов, автоматски и црвен картон и го пропушта мечот против Охрид во следното коло, а со два жолти картони беше и шефот на стручниот штаб на Беласица, Александар Стојанов, кој во судиското надополнување го доби вториот жолт картон што значи автоматски и црвен и мораше да го напушти теренот.
Стојанов во изјава за Спортска Мрежа го анализираше мечот и моментот со добивањето на двата жолти картони и црвениот.
Александар Ванев, Струмица Сити