Category: Струмица

Се реконструира водоводната мрежа во Попчево

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец„ почна да ја реконструира водоводната мрежа во населеното место Попчево. Станува збор за замена на стари со нови водоводни цевки во должина од два километра, дел од водоводната мрежа која поради честите дефекти им предизвикуваше сериозни проблеми на жителите од ова населено место. Со водоводната мрежа управува месната заедница на селото, но откако жителите побараа помош,  општина Струмица одлучи да помогне и со сопствени средства да го реши  проблемот предизвикан од неквалитетните материјали вградени во неговата изградба пред дваесетина години. Старите цевки сега се заменуваат со нови, квалитетни кои можат да издржат притисок од 16 бари, со што долгорочно се решава проблемот со водоснабдувањето во ова населено место.
Ако дозволат временските услови овој зафат ќе биде готов за 15 дена.

 

Улицата „Балканска“ со нови тротоари

Со нови тротоари се подновува улицата „Балканска“ во Струмица. Од двете страни, од пресекот со улицата „Дрварска“ до улицата „Крушевска Република“ се вадат старите бетонски и се ставаат нови бекатон плочки. Вкупната површина на која се изведува градежниот зафат изнесува 1.750 метри квадратни, а е финансиран со средства од буџетот на општина Струмица.

 

Временска прогноза за вторник, 25 декември

Денес во Струмица умерено облачно со дневна температѕра до 11 степен

 

Соопштение за јавност од ЗНМ 24.12.2012

Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува денешниот инцидент во Собранието каде на насилен начин новинарите беа исфрлени од галеријата од каде ги следат пленарните седници.  Со тоа грубо е прекршен Уставот кој ја гарантира слободата на изразување и слободата на медиумите.
Наредбодавачите на овој срамен чин ја официјализираа цензурата и одлучија што смеат,  а што не смеат да следат новинарите.   Новинарите насилно избркани со ништо не ја предизвикаа оваа реакција на обезбедувањето, а ниту постоеше правен основ за нивно отстранување.
Бевме отстранети за да не бидеме сведоци на отстранувањето на пратениците од опозицијата  од салата за седници. Ова е преседан кој не смее да помине неказнето.
Од овие причини Управниот одбор на ЗНМ ги прекинува разговорите со Владата се додека не се врати уставниот поредок во Македонија, и извршителите и наредбодавачите на ова срамно однесување не бидат откриени и казнети согласно законот.
ЗНМ ќе ги искористи сите правни механизми да ја заштити слободата на изразувањето и слободата на медиумите. Исто така ќе ја алармираме целата домашна и странска јавност за случувањата во Собранието.

Соопштение од ОО СДСМ Струмица

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се повикуваат сите членови и симпатизери на опозицискиот фронт „ИДНИНАТА СЕГА“, како и сите слободољубиви граѓани кои ја сакаат Република Македонија да дадат масовна поддршка на протестот во Скопје. Сите граѓани кои се за опстанокот на Македонија да дојдат пред Општинската Организација на СДСМ во Струмица во новите простории кои се наоѓаат во зградата спроти летниот амфитеатар или пред експозитурата на Алфа банка.

Временска прогноза за понеделник, 24 декември

Денес во Струмица претежно сончево со максимална дневна температута до 9 степени

 

Заев: Утре наутро Струмица ќе биде пред парламентот!

Поддршка за пратениците од опозицијата пристигна и од Струмица, преку потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.

- Утре рано наутро Струмица ќе биде пред парламентот. Денеска со нашето собирање почнува да се гради совеста на Република Македонија. Денеска дефинитивно се прекршија работите. И јас сум градоначалник и јас носам буџет. Секоја година 5-10 општини носат буџет во април и во мај, и во Америка се носи буџет во април и во мај, па има плати има сѐ. Нека оди Груевски во Охрид да види како успешно се води општина чиј буџет е блокиран 8 години. Утре ќе нѐ прашаат децата и внуците кога некој финансиски ја пустошеше државата и ни остави долгови, каде бевме ние. Затоа денеска не протестираме само против тоа што некој сака бескрупулозно да троши пари. Денеска парите одат секаде само не таму каде што треба, кај својот народ, да му се помогне кога му е најтешко. Денеска со кршењето на Уставот, на деловникот и на македонската демократија, пуштија силен сигнал дека за нив нема застанување. Затоа денеска сме овде да кажеме стоп на кршењето на достоинството и на демократијата на оваа напатена земја, да покажеме дека нема да дозволиме да нѐ клекнат на колена, да ни ја уништат темелната вредност на Уставот, демократијата и правото. Нема кој друг да го охрабри овој наш народ ако не ние, опозицијата. Ова зло мора да престане, ако треба 1, 2, 5 дена, колку што треба, ќе бидеме овде, сѐ додека не се избориме за иднината на нашата земја – рече Заев вечерва пред Собранието.

извор: Скај.мк

Представена книгата- првенец на Горан Дрвошанов, „Демократија Јас’’

Пред струмичката публика вечерва во НУЦК „Антон Панов’’, Горан Гоко Дрвошанов ја промовираше својата книга „Демократија Јас’’. Ова е неговото прво објавено дело, напишано како производ на целокупните случувања внатре и надвор во сето она кое не окружува, и објавено е во тираж од 1000 примероци.

 

Тип на денот 1-х-2 за недела, 23-ти декември

Swansea - Manchester Utd – под 3 голови

Valenciennes - Evian TG – х2

Chelsea – Aston Villa – 1

Marseille - St. Etienne – 1

Временска прогноза за недела, 23 декември

Денес во Струмица умерено облачно, без врнежи. Максимална дневна температура до 5 °C