Category: Струмица

Отворени забавни фудбалски игри на струмичкиот плоштад

Учениците од ООУ „Сандо Масев’’ продолжија и денеска да се дружат преку проектот Отворени забавни фудбалски игри, овој пат на плоштадот „Гоце Делчев’’ Повеќе →

За 10 дена – „Ајверијада 2013’’

Манифестацијата “Ајверијада 2013” ќе се одржи на 20 октомври 2013 година (недела) со почеток во 12 часот. Истата ќе има натпреварувачки карактер на која ќе биде прогласен најдобриот домашно приготвен “ајвер”. Повеќе →

Одржан свечен прием за првачињата од општина Струмица

Во чест на првачињата и нивното придружување на Детската оргазнизација на Македонија, денеска во НУЦК „Антон Панов’’ се одржа свечен прием. Постарите училишни другари за нив изведоа приредба, и со игра и песна им посакаа добредојде во „школскиот свет’’. Повеќе →

Временска прогноза за Струмица, 10 октомври

Времето денеска во Струмица претежно Повеќе →

Здружението „Новус“ организира трибина за говорот на омраза

Здружението „Новус“ од Струмица почна со реализација на проектот „Препознавање и борба против говорот на омраза“ кој се реализира со финансиска поддршка на општина Струмица. Во рамките на проектот, утревечер со почеток во 19 часот во домот на АРМ ќе се одржи првата трибина на тема „Улогата на медиумите во препознавањето на говорот на омраза“.

Повеќе →

Костадин Мартинов од Ново Село трчаше на големиот амерички маратон

Костадин Мартинов од  Ново Село, беше единствениот „глобален херој’’ од  Македонија кој учествуваше на големиот маратон во америчките градови Минеаполис и СТ Паул на 6 октомври, на кој учество зазедоа  преку 10 илјади професионални и аматерски тркачи од целиот свет.

Мартинов, како преставник на лицата со дијабетес Тип 1 во тимот „Medtronic Global Heroes’’, трчаше маратонска стаза долга 42,2 км, заједно со „глобални херои’’ од уште 12 држави – Австралија, Кина, Ирска, Германија, Нов Зеланд, Португалија, Шведска, Тринидад и Тобаго, Уругвај и САД.

Костадин Мартинов

Програмата наречена „Medtronic Global Heroes“ е лансирана во 2006 година, претставува програма што служи како инспирација за други луѓе кои страдаат од хронични болести.Секој од натпреварувачите на оваа трка има вграден или користи медицински уред што му помага во лекувањето на различни нарушувања на здравјето и при посебни состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, хронични болки, како и невролошки нарушувања и нарушувања во ‘рбетот.

1379858_10151973295491663_545465738_n

 

Временска прогноза за Струмица, 9 октомври

Времето денеска во Струмица умерено облачно со максимална температура до 19 степени.

 

Во Струмица ќе се одбележи 100 годишнината од прогонот на Бежанците

Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев  и Советот на општина Струмица, на 11 октомври ќе се одбележи 100 – годишнината од прогонот на Бежанците под мотото „Да не се заборави, да не се повтори“. Средбата на која се поканети сите потомци на Македонците – бегалци од Егејска Македонија од 1913 година, ќе започне во 12 часот   на плоштадот „Гоце Делчев“. Повеќе →

Тиверијанките победија во Струга, ЖФК Ас Јунајтед – ЖФК Тиверија Истатов 2:5

Изминатиот викенд се одигра четвртото коло во рамките на првата женска фудбалска лига. Струмичанките се вратија со победа од Струга каде беа подобар противник, особено во вториот дел од домаќинот Ас Јунајтед. Повеќе →

МЛАДИТЕ СТРУМИЧАНИ МУ ГО ЧЕСТИТАА 39 РОДЕНДЕН НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗАЕВ

Младите од Струмица и годинава му приредија роденденско изненадување на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Повеќе →