Category: Струмица

Беласица го декласираше Росоман во Купот на Македонија

Беласица во високи 1:5 го декласираше второлигашот Росоман, во рамки на првото коло од Купот на Македонија и продолжува во следната фаза. Гостите од Струмица до 15. минута од натпреварот имаа водство од 0:2, со што ја најавија убедливата победа и одличната игра во текот на целиот натпревар. Првите дел од натпреварот заврши со 0:3. Во вториот дел доминантната игра на Беласица продолжи, а конечниот резултат гласеше 1:5.

На овој натпревар Беласица беше предводена од асистентот Александар Василев, кој ќе го води струмичкиот прволигаш до назначување на нов тренер.

 

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Нови 7 лица од Струмица позитивни на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Повеќе →

Тритерол и Македонија сообраќај со одлична понуда за 11-ти октомври!

Тритерол и Македонија сообраќај повторно за Вас организира патување на најбараната понуда. Повеќе →

Костенчев ќе ја дели правдата на куп натпреварот меѓу Росоман и Беласица

Беласица утре ќе гостува кај второлигашот Росоман, каде ќе игра натпревар од 1/16 финалето од Купот на Македонија. Костенчев Никола од Скопје ќе биде главен судија на натпреварот, кој ќе се игра на Игралиштето АМС во Росоман, додека негови помошници ќе бидат Тошевски Саше и Недевски Александар од Скопје. За четврт судија на натпреварот одреден е Божиновски Христијан од Скопје.Македонија ЃП - Беласица 4. коло 2

 

Делегат на натпреварот ќе бие Шопоски Гоце од Струга, додека контролор на натпреварот ќе биде Ангелов Сашко од Кочани. Натпреварот се игра со почеток од 15:30 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

 

Ване Милков си поднесе неотповиклива оставка во Беласица

По лошиот старт во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, каде Беласица запиша шест порази на шест натпревари, со само еден постигнат гол и 17 примени, се вклучи црвениот аларм за промени во струмичкиот прволигаш. Беласица преку соопштение на социјалните мрежи информираше дека шефот на стручниот штаб и прв тренер на екипата, Ване Милков си даде неотповиклива оставка по поразот од Пелистер, каде Беласица на домашен терен загуби со 0:2.

Ване Милков - прв тренинг Беласица за нова сезона

Од клубот информираат дека на утрешниот куп натпервар против второлигашот Росоман, екипата ќе биде предводена од асистентот Александар Василев. Милков останува во клубот со нова функција, тој во иднина ќе биде технички директор на Беласица.

Во наредниот период ќе биде претставен новиот предводник, кој ќе го замени Милков.

Стартот на новата сезона во Третата лига – Исток одложен

Одложен стартот на новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток, се’ уште нема информации кога би започнала новата сезона во ТМФЛ – Исток. Ждрепката е извлечена за новата сезона, двојките за првото коло се формирани, но стартот е одложен, неофицијално поради немање на можности за тестирање на екипити од Ковид-19 ? Исто така, неофицијално дознаваме дека две нови екипи побарале учество во Третата лига – Исток, станува збор за Работник од Лозово, екипа која до пред неколку сезони се натпревруваше во Третата лига, и новајлија од Пиперово, Струмичко ? Тоа значи дека при евентуално проширување на Третата лига – Исток, лигата би имала 12 екипи, на веќе постоечките десет, би се приклучиле новите две.

АРХИВА

АРХИВА

Но, сепак станува збор за неофицијални информации, на кои не би можеле со сигурност да се потпреме, што значи останува да причекаме во следниот период што ќе се случува со Третата лига – Исток. Во меѓувреме, третолигашите активно се подготвуваат за стартот на новата сезона со одигрување на пријателски натпревари.

Куп на Македонија: Беласица во среда гостува кај Росоман

Во среда се игра 1/16-финале од фудбалскиот Куп на Македонија. Ждрепката посака Беласица да се соочи со второлигашот Росоман. Овој натпревар струмичките фудбалери ќе ги играат на гостински терен со почеток од 15:30 часот, без присуство на публика. Ќе се игра само по еден натпревар.

Македонија ЃП - Беласица 4. коло 2

 

Поради пандемијата со Covid-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.

Горан Пандев со гол ја започна новата сезона во Серија А

Горан Пандев и Џенова запишаа убедлива победа на стартот од новата сезона од Серија А, откако денес со 4:1 беа подобри од Кротоне. Пандев во 9. минута од натпреварот со лоб удар го матира гостинскиот голман за 2:0. На клупата на Џенова дебитира новиот тренер Маран.  ВИДЕО од голот на Пандев.

Горан Пандев - Џенова - Кротоне, 1. коло Серија А 2

Академија Пандев загуби од Шкендија во Тетово

Академија Пандев загуби на гостувањето во Тетово, со 2:1 од екипата на Шкендија, во натпревар од 6. коло од Првата македонска фудбалска лига. Домаќините први го отворија резултатот преку Ибраими во 38. минута од натпреварот. Во вториот дел, во 74. минута повторно Ибраими ја затресе противничката мрежа од белата точка, Сашко Пандев во 79. минута го намали резултатот на 2:1, воедно тоа беше и конечниот резултат.

Шкендија - Академија Пандев, 6. коло ПМФЛ

Шкендија е лидер на табелата со 14 освоени бодови, еден повеќе од второпласираниот Шкупи. Академија Пандев е на претпоследното 11-то место со 3 освоени бодови. Во следното коло „пандевци“ дома ќе играат против Силекс, додека Шкендија ќе патува во Битола, каде силите ќе ги одмери со Пелистер.

Беласица загуби од Пелистер

Беласица на домашен терен беше поразена со 0:2 од Пелистер, во натпревар од 6. коло од Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот прволигаш ја продолжува резултатската криза во новата сезона, откако денес го запиша шестиот последователен сезонски пораз.

Беласица - Пелистер, 6. коло ПМФЛ

Беласица останува закована на дното од табелата, екипа која во ПМФЛ се’ уште нема освоени бодови, додека Пелистер со 9 бодови се искачи на седмата позиција. Во следното коло, Беласица ќе му гостува на Вардар во Скопје, додека Пелистер дома ќе има тежок натпревар со лидерот на табелата Шкендија.