Category: Струмица

Академија Пандев се засили со Кире Маркоски и Кристијан Трапановски

Екипата на Академија Пандев пред стартот на Првата лига, договори уште две засилувања. Во Струмица доаѓаат Кире Маркоски и Кристијан Трапановски, се работи за двајца фудбалери кои играат на крилните позиции, а кои важат за големи засилувања во редовите на струмичкиот прволигаш. 25-годишниот Маркоски во Академија Пандев пристига од АЕЛ Лимасол, а претходно настапуваше за Спартак Трнава, Работнички и Македонија ЃП. Маркоски веќе има настапувано за сениорската селекција на Македонија. Кристијан Трапановски е младински репрезентативец на Македонија и е повратник во тимот на Академија Пандев. 20-годишниот Кристијан е првиот играч со трансфер од Академија Пандев во некој европски клуб, односно во тимот на Славија Прага. Во својата кариера уште има настапувано и за тимовите на Татран Прешов, Викторија Жишков и Подбрезова.

 

Кире Маркоски и Кристијан Трапановски - Академија Пандев

Стојчевски Игор главен судија на натпреварот Пелистер – Академија Пандев

Академија Пандев во недела ќе гостува во Битола, каде во рамките на 1. коло од Првата лига, ќе се соочи со повратникот во елитата, екипата на Пелистер. На натпреварот кој се игра на стадионот „Под Тумбе Кафе“ главен судија ќе биде Стојчевски Игор од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Василевски Даниел и Видиниќ Дарко, исто така од Скопје. За четврт судија на натпреварот делегиран е Илиоски Влатко од Прилеп. Делегат на натпреварот ќе биде Савов Жанко од Скопје, додека Ристески Марјан од Кичево ќе бие контролор. Натпреварот се игра со почеток од 17:30 часот, без публика.

ФОТО: АРХИВА

ФОТО: АРХИВА

Грујоски делегиран на мечот Беласица – Силекс

Беласица во недела на „Благој Истатов“ во рамки на 1. коло од Првата лига ќе го пречека Силекс. Главен судија на овој натпревар ќе биде Грујоски Александар од Кичево, ддоека негови помошници ќе бидат Лика Куштрим и Јанкуловски Зоран исто така од Кичево. За четврт судија на натпреварот делегиран е Мавров Васко од Струмица. Делегат на натпреварот е биде Јорданов Драган од Велес, додека Николовски Зоран од Скопје ќе биде контролор. Натпреварот се игра со почеток од 17:30 часот, без публика.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

Беласица се тестираше на Ковид-19, сите тестови негативни!

„Почитувани, ФК Беласица како општествено одговорен и транспарентен клуб, сака да се произнесе пред фудбалската и пошироката јавност, дека по направените Ковид 19 тестови над сите засегнати лица во нашиот клуб – целиот стручен штаб, фудбалери и администрација, денес добија СИТЕ негативни резултати Овие убави вести ги споделуваме, со надеж и среќа дека истата судбина ќе ги посака и сите други фудбалски клубови Здравјето пред се!“, истакнаа од Беласица преку соопштение на нивната официјална фејсбук страница.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Тиме Ричлиев го продолжи договорот со ЏИО Струмица

ФОТО: ЏИО Струмица

ФОТО: ЏИО Струмица

Македонскиот шампион ЏИО Струмица го продолжи договорот со плејмејкерот Тиме Ричлиев. Ричлиев ја продолжи верноста со клубот со кој стигна до двојни титули во домашното првенство. Одличниот играч потпиша нов едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.

 

Нови пропозиции во ПМФЛ, во случај ако се прекине првенството поради Ковид-19

Управниот одбор на ФФМ на последниот состанок ги усвои предлог-пропозцииите за натпреварување во ПМФЛ за сезона 2020/21, а во истите е опфатено, што ако се прекине првенството поради Ковид-19 ?

ФФМ

• Според пропозициите, ако се одигра под 50% од натпреварите во првенството, шампионатот во ПМФЛ при евентуален прекин ќе се поништи.
• Ако има 50 до 75% од натпреварите, тогаш ќе следи замрзнување на табела. Нема да има шампион и испаѓање, а во Европа ќе играат клубовите според пласманот.
• Доколку се одиграат над 75% од натпреварите, тогаш ќе има регуларно испаѓање и промоција на екипи од понизок ранг.

ПМФЛ стартува на 9 август, а од ФФМ најавија тестирање на играчите на Ковид-19, на трошок на федерацијата.

Академија Пандев со победа над Тиквеш

Екипата на Академија Пандев го одигра последниот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Екипата на Академија Пандев на овој контролен натпревар успеа да победи со 2:0 над второлигашот Тиквеш од Кавадарци. Во неделе (9. август), започнува новата сезона во ПМФЛ, „пандевци“ во првото коло гостува во Битола, каде силите ќе ги одмери со повратникот Пелистер.

Спортски центар Пандев - АРХИВА

Спортски центар Пандев – АРХИВА

Беласица со убедлива победа над Кожуф

Екипата на Беласица денес го одигра последниот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот прволигаш запиша победа од високи 6:0 над второлигашот Кожуф од Гевгелија. Натпреварот се играше на „Благој Истатов“ во Струмица. На 9. август започнува новата сезона во ПМФЛ, а во првото коло Беласица на домашенен терен силите ќе ги одмери со Силекс од Кратово.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

 

Манастирот ,,Св. Илија’’

Секоја година на втори август, многи струмичани заминуваат на место оддалечено 4 км од Струмица, во планината Еленица, да го прослават празникот Илинден во манастирот посветен на овој светец – Манастирот Свети Илија. Повеќе →

Академија Пандев се засили со Милан Томиќ

Милан Томиќ го засилува средниот ред на Академија Пандев. 20-годишниот фудбалер доаѓа од екипата на Црвена Звезда и стави потпис на двегодишен договор со струмичкиот прволигаш. Томиќ ги има поминато младинските категории на Црвена Звезда, а има настапувано и во сениорска конкуренција како позајмен фудбалер во екипите на Графичар и Звездара.

Милан Томиќ - Академија Пандев