Category: Струмица

Академија Пандев: Благодарност до ФФМ и Општина Струмица за развојот на фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева (најнов тип, без полнење со вештачка гума) за ФК Академија Пандев.

„Благодарност до Фудбалска Репрезентација на Македонија што му оддава признание на искрените намери и огромниот влог што Горан Пандев го дава на македонскиот клубски и репрезентативен фудбал. Огромна благодарност и на Општина Струмица која го препозна и се вклучи како партнер за реализација на овој проект, се со цел развој на фудбалската инфраструктура во Струмица. Потпишаниот трипартитен договор помеѓу Академија Пандев, ФФМ и Општина Струмица значеше и почеток на изградбата на најмодерен терен со вештачка трева.
Академија Пандев продолжува со посветена работа во младите категории и нивен развој се до сениори, а со тоа секако придобивки има и македонскиот фудбал во чии репрезентации имаме преку 20 активни репрезентативци во сите категории и Академија Пандев со убедливо најмлад сениорски тим во ПМФЛ оваа сезона“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

20200928095457

Академија Пандев против Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија

Откако беше комплетирана првата фата од Купот на Македонија, денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за осминафиналето.

Куп на Македонијау

Академија Пандев во првото коло беше слободна, а во осминафиналето ќе се соочи со Вардар, екипа која одвај се спаси од елиминација од Вардар Форино, откако по 18 пенали успеа да се пласира во осминафиналето.

Интересни и возбудливи натпревари во осминафиналето. Струга Трим Лум ќе се соочи со Работнички, Брегалница ќе ги одмери силите со Беласица, додека Ренова ќе одигра тешко дерби со Пелистер. Шкупи како фаворит ќе игра против Кит Го, Македонија ЃП против второлигашот Каменица Саса, а ждрепката посака Кожуф да се соочи со кратовски Силекс.

Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21 октомври, а четвртфиналните пресметки на 25 ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а мечот за трофејот на 19 мај.

 

Беласица против Брегалница во осминафиналето од Купот на Македонија

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија. Ждрепката посака Беласица да се соочи со второлигашот Брегалница од Штип. Во првото коло, Беласица со убедлива победа го елиминираше Росоман, додека штипјани беа слободни.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

1/8 финални парови во Купот на Македонија:

Академија Пандев – Вардар
Македонија Ѓ.П. – Каменица Саса
Шкендија – Гостивар
Шкупи – Кит Го
Кожуф – Силекс
Струга Трим Љум – Работнички
Брегалница – Беласица
Ренова – Пелистер

Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21 октомври, а четвртфиналните пресметки на 25 ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7 април, а мечот за трофејот на 19 мај.

Академија Пандев на дерби дуел во Скопје против Работнички

Академија Пандев во сабота ќе патува во Скопје, каде во рамки на 8. коло од ПМФЛ ќе одигра дерби дуел со екипата на Работнички. Академија Пандев минатото коло запиша минимална победа од 1:0 над Силекс и се искачи на десеттото место на табелата. Работнички на последните пет натпревари има четири ремиа и една победа и со вкупно 10 бодови е на седмата позиција на табелата.

Академија Пандев - Силекс - 5. коло ПМФЛ

Натпреварот ќе биде доста неизвесен, а бодовите се потреби и кај двете екипи, што значи борбата за победа ќе биде голема и кај домаќините и кај гостите. Натпреварот ќе се игра со почеток од 15:00 часот, без присуство на публика.

Беласица дома против Ренова, осма шанса за први бодови

Екипата на Беласица во сабота на „Благој Истатов“ ќе ја пречека Ренова, во натпревар од 8. коло од Првата македонска фудбалска лига. Осма шанса за фудбалерите на Беласица да дојдат до први сезонски бодови, бидејќи екипата е единствена во ПФМЛ која се’ уште нема освоено бодови.

Вардар - Беласица, 7. коло ПМФЛ 3

Ренова влезе во голема резултатска криза, на последните 4 натпревари нема запишано победа, ниту реми. Последната победа за екипата од Џепчиште е онаа против Академија Пандев од 22 август.

Натпреварот во Струмица ќе биде неизвесен. Беласица со мотив за прва победа, Ренова со шанса за излез од резултатската криза. Натпреварот ќе се игра со почеток од 15:00 часот, без присуство на публика.

Легендарниот Тони Цетински во петок во Аватар

Најпопуларниот хрватски пејач Тони Цетински во петок доаѓа во Аватар.  Македонија во 2005 година имаше можност да го запознае како пријател на Тоше Проески во заедничката песна „Лагала нас мала“.Опет си победила“, „Онај ко те љуби сретан је“, „23 декември“, „Нека те одведе“, „Ако то се зове љубав“ се само мал дел од хитовите што ја бележат кариерата на пејач од рангот на Тони Цетински. Повеќе →

7. коло ПМФЛ: Академија Пандев со победа, Беласица впиша нов пораз

Викендот се одигра 7. коло од Првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев дојде до втора сезонска победа, откако во Струмица на „Благој Истатов“ со минимални 1:0 славеше над кратовски Силекс. Беласица го впиша седмиот сезонски пораз, откако на гостувањето во Скопје загуби од шампионот Вардар со 3:1 и останува и понатаму единствената екипа во ПМФЛ која нема се уште освоени бодови во новата сезона.

Шкендија го доби дербито во Битола, откако со 1:3 славеше над Пелистер, а Ренова во Тетово загуби со 1:3 од Македонија ЃП. Шкупи загуби на гостувањето во Струга, од екипата на Струга Трим Лум, а во Велес, Борец и Работнички ремизираа без голови.

Академија Пандев - Силекс - 5. коло ПМФЛ.png 2

Во однос на табелата, Шкендија е лидер со 17 бодови и има четири бода предност пред второпласираниот Шкупи кој има 13 бодови, а исто толку бодови има и Македонија ЃП која е трета. Борец е четврти со 12 бодови, а Струга со бод помалку е на петтото место. По десет бодови имаат шесттопласираниот Силекс, седмопласираниот Работнички и осмопласираниот Вардар. Битолски Пелистер со девет бодови е на деветтата позиција, а три бода помалку има Академија Пандев која е десетта на табелата. Пет бода има Ренова која сега е на претпоследното место на табелата, а на последното место е Беласица, која и понатаму е без освоени бодови.

Во однос на следното коло, Беласица дома ќе игра со Ренова, каде ќе има можност за нова шанса за први сезонски бодови, Академија Пандев ќе гостува кај Работнички, а Македонија ЃП дома ја чека Струга. Во Тетово гостува Силекс каде ќе се соочи со лидерот Шкендија, Шкупи на „Чаир“ го чека Борец, а во Битола, Пелистер ќе го пречека актуелниот првак Вардар.

Дориев со гол против Пелистер, вистинско засилување за Шкендија

Љупчо Дориев е вистинско и големо засилување за екипата на Шкендија од Тетово. Струмичанецот од Академија Пандев се пресели во Шкендија. Во досегашниот тек од сезоната, односно по 7. одиграни кола во ПМФЛ, Дориев има постигнато три погодоци, а последниот го постигна вчера, кога Шкендија со 1:3 славеше против Пелистер во Битола.

Пелистер пружи голем отпор кон лидерот на табелата, но сепак со одличната игра Шкендија успеа од Битола да се врати со три бода. Вчерашниот гол на Дориев кој стрелаше за 1:2 по одличната соло акција можете да го погледнете ОВДЕ.

Љупче Дориев - Шкендија

ФФМ започна со изградба на најмодерен терен со вештачка трева како дел од фудбалскиот комплекс во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Hat Trick III“ програмата за подобрување на фудбалска инфраструктура започна со изградба на терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) од најновите типови за ФК Академија Пандев. ФФМ претходно потпиша договор со Општина Струмица и клубот Академија Пандев за целосна изградба на терен со вештачка трева, како дел од фудбалскиот комплекс во градот Струмица.

20200928095457

- Сите ние сме исклучително благодарни за посветеноста на Горан Пандев кон македонскиот фудбал, како и неговото вложување во младите таленти, академијата и придонесот во развојот на нашиот фудбал. Изградбата на терен со вештачка трева за потребите на Академија Пандев е еден вид признание од соработниците и институцијата која го води нашиот фудбал кон тоа што Горан и Академија Пандев инфарструктурно го изградија во Струмица. Инвестициите од овој тип се клучни за развојот на фудбалот, а ние во Фудбалската федерација на Македонија сме подготвени позитивните искуства да ги претвориме во долгорочна соработка со сите поврзани субјекти, во правец на создавање на услови за развој на фудбалот, почнувајќи од најмладите  категории, па сѐ до професионалниот фудбал, изјави генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.

Во изминатиот период, Фудбалската федерација на Македонија со средства од “Хет-трик” програмата на УЕФА го финансираше поставувањето на целосно нова тревна подлога (тревни бусени) со модерен дренажен и систем за наводнувањена стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, а исто така, постави и целосно ново рефлекторско осветлување.

Во најскоро време, ФФМ ќе ја пушти во употреба новата трибина на стадионот во Чаир, потоа целосно ќе го заврши и новиот терен на стадионот на ФК Ренова во Џепчиште, а еден од важните проекти кој се очекува да се финализира е стадионот „под Тумбе кафе“ во Битола.

pandev-teren-1

Во тек се градежни активности и изградба на нова трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, а ФФМ минатата недела го претстави основниот проект за западната трибина на Градскиот стадион во Штип каде што е предвидено, новата западна трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА. Како дел од ФИФА ForwardI програмата во постапка е поставување на рефлекторско осветлување на стадионот во рамки на тренинг центарот „Петар Милошевски“ како би можеле да се одигруваат ноќни меѓународни натпревари согласно категорија 2 од регулативите на УЕФА.

ФФМ во соработка со Општинските фудбалски Сојузи периодот, исто така, донираше повеќе од 12.000 столчиња за терените и стадионите низ државата.

 

Хоризонт Турново ремизираше на контролката со Овче Поле

Хоризонт Турново одигра контролен натпревар со третолигашот Овче Поле од Свети Николе. Фудбалерите на Турново одиграа одличен припремен натпревар во Свети Николе, кои први дојдоа во водство во вториот дел од натпреварот. Стрелец на погодокот за гостите беше Бране Глигоров кој постигна одличен гол од слободен удар од 20 метри. Домаќините го израмнија резултатот во самиот финиш од натпреварот, односно во 93. минута.

Следниот викенд започнува Третата лига – Исток, а во првото коло Турново ќе се соочи со Раклиш на гостински терен.

Овче Поле - Хоризонт Турново, пријателски натпревар во Свети Николе, 27.09.2020