Category: Струмичко ќоше

Беласица гостува во Струга

Екипата на Беласица во рамки на 9. коло од Првата лига ќе гостува во Струга, каде силите ќе ги одмери со Струга Трим Лум.
Беласица - Ренова, 8. коло ПМФЛ

Струмичкиот прволигаш е последен на табелата со само еден освоен бод, додека од друга страна стружани имаат 11 бодови и се наоѓаат на седмата позиција.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 14:30 часот, без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.

Неверојатната легенда за Свидовица – селото на вдовиците

Село Свидовица се наоѓа во подножјето на планината Беласица, југоисточно од градот Струмица, во непосредна близина на село Куклиш. Кога дошле Турците – Османлии на овие простори, селото Свидовица станало чифлик. Христијанското население било истиснато од муслиманите, поради што морало да се пресели во соседното село Куклиш. Така Свидовица било чисто турско село се до Првата светска војна кога голем број од муслиманското население се вратило назад во Турција. Повеќе →

Моја, твоја, наша Струмица – во духот на Велигден

Се наближува големиот православен христијански празник Велигден и во Струмица секоја година се слави Христовото воскресение. . А како и секогаш – на денот недела. Повеќе →

Село Смолари – живописен дар од Бога

Село Смолари се наоѓа во северното шумовито подножје на Беласица, наречено Подгор, оддалечено околу 25 километри од Струмица. Селото е познато по своите природни реткости, особено по фасцинантниот смоларски водопад на реката Ломница, како и по богатството со природни извори на кристално бистра планинска вода. Повеќе →

Моја, твоја, наша Струмица – за Тримери

Адетите и обичаите на Струмица воодушевуваат секоја година, традиционално. Еден ваков обичај, кој восхитува поради својата уникатна природа, е празникот Тримери. Овој адет е несекојдневен и типичен само за Струмица. Повеќе →

Трите легенди за името на село Добрејци

Во рамничарскиот дел на плодородната Струмичка Котлина, во непосредна близина на градот Струмица, е распослано селото Добрејци. Повеќе →

Водич низ струмичкиот дијалект

У Македонија има ного дијалектe-ја само ед’н пример: у струмичката укуљии има 70 села и у секоо село ќе нааш чишит зборове. Повеќе →

ФОТО: Струмица некогаш и денес

Повеќе →

Споменикот „Струмичанка под маска’’ – симбол за Струмичкиот карневал

Споменикот „Струмичанка под маска’’ се наоѓа од 2010 година на плоштадот „Гоце Делчев’’ чија реконструкција беше во истата година. Споменикот го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот кој Повеќе →

Моја, твоја, наша Струмица – Струмички карневал

Богатата традиција на Струмица содржи и негува во себе еден од највозбудливите настани во градов, републикава, а и пошироко: Струмичкиот карневал. Тој се одржува секоја година во склоп со Тримери, Повеќе →