Брера Струмица со 4:0 славеше висока победа над повратникот Пелистер, во рамки на 8. коло од Првата македонска фудбалска лига, во натпревар каде битолчани уште од 18. минута остана без играч помалку на теренот, откако Александар Ристевски заработи црвен картон. Марјан Ристовски во судиското надополнување на првиот дел погоди за 1:0 на полувреме.
Во второто полуреме Јанкулов постигна гол за 2:0, а потоа Ивковиќ и Тодоровски за конечни 4:0.
Во следното коло Брера ќе гостува на Чаир кај Шкупи, во рамки на 9. коло, по што ќе следува репрезентативната пауза. Брера Струмица сега е на шесттото место со 11 бодови.
Александар Ванев, Струмица Сити