Category: Струмица

Зоран Ивановски и Филип Михаилов нови играчи на Брера Струмица!

Зоран Ивановски и Филип Михаилов се нови играчи на прволигашот Брера Струмица.

Двајцата играчи се повратници во тимот и веќе се на располагање на стручниот штаб за предизвиците што ги носи пролетниот дел од сезоната каде Брера ќе треба да го потврди опстанокот во Првата лига. 26-годишниот Михаилов е играч за врска во средината и нападот. Низ својата кариера покрај за Брера има настапувано и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово, Тиквеш а беше дел и од австриски Маршвалд.

24-годишниот Ивановски во Брера Струмица доаѓа од штипска Брегалница, каде настапуваше во есенскиот дел, а низ својата кариера има настапувано и за Детонит Плачковица и Беласица, како и за Брера.

Пролетниот дел Брера Струмица го отвара во Битола против Пелистер.

Александар Ванев, Струмица Сити

Брера Струмица ја совлада Брегалница во Штип на пријателски меч

ФОТО: ФК Брера Струмица

Прволигашот Брера Струмица на пријателски меч на Градскиот стадион во Штип со 0:2 ја совлада екипата на Брегалница.

Прволигашот до овој триумф стигна со погодоци на Ѓорѓиевски во 26. минута и Ристов во 81. минута.

Целта на Брера во Првата лига ќе биде да го потврди опстанокот, додека пак Брегалница ќе биде пред предизвик за експресно враќање во Првата лига.

Александар Ванев, Струмица Сити

Христијан Јанкулоски е нов играч на Брера Струмица

Прволигашот Брера Струмица за вториот дел од сезоната се засили со Христијан Јанкулоски, се работи за 23-годишен играч кој доаѓа од охридскиот прволигаш Воска Спорт, трансфер кој Спортска Мрежа ексклузивно прва објавува.

Јанкулоски во Воска Спорт се задржа речиси една година, откако во Воска Спорт пристигна во месец февруари 2024 година, а го напушта клубот сега.

Тој е роден во Австралија, каде и настапуваше за неколку екипи, се работи за млад и талентиран играч кој треба да биде вистинско освежување за тимот на Тони Атанасов.

Александар Ванев, Струмица Сити

Данче Карпузовска се врати во Тиверија Брера

Струмичкиот прволигаш Тиверија Брера за пролетната полусезона на Првата женска фудбалска лига се засили со повратничката Данче Карпузовска.

22-годишнината Карпузовска во Тиверија Брера доаѓа од редовите на актуелниот шампион Љуботен од Тетово, а има настапувано и за Вардар и Плачкоица од Радовиш. Карпузовска потекнува од школата на Тиверија Брера, а дресот на струмичкиот клуб го носеше долги години, од 2014 до 2022 година.

„Данче потекнува токму од нашата школа и добро ја познава нашата игра. Беше дел од нашиот клуб од 2014 до 2022 година и по две и пол години повторно се враќа дома. Данче е офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции и сметаме дека ќе биде големо засилување во нашиот квалитетен тим. Добредојде дома Данче, ти посакуваме многу спортска среќа и заеднички успеси“, велат од клубот.

Тиверија Брера е есенски шампион во ПЖФЛ, а во пролетнот дел сака потврда на првото место и освојување на шампионската титула, а со тоа обезбедување и на „виза“ за излез во Европа.

Александар Ванев, Струмица Сити

Беласица го промовираше Огнен Здравковски

Струмичкиот второлигаш Беласица, го зајакна својот тим за пролетниот дел од сезоната со Огнен Здравковски, талентиран млад играч роден во 2004 година.

Здравковски, кој игра на крилните позиции, ќе биде вистинско освежување за тимот на Александар Стојанов, а доаѓа од редовите на Вардар.

Беласица продолжува да се потпира на млади играчи, дополнети со искусните капитенот Александар Милушев и Стефан Сулец, кој се пример за младите.

Пролетниот дел од сезоната Беласица ќе го започне со дуел против Арсими на домашен терен, додека во сабота тимот ќе се тестира со пријателски натпревар против Детонит Плачковица во Струмица.

Александар Ванев, Струмица Сити

Зоран Ивановски е нов играч на Брера Струмица!

Зоран Ивановски е нов играч на прволигашот Брера Струмица, тој доаѓа од редовите на штипска Брегалница, каде настапуваше изминатата есенска полусезона.

24-годишниот струмичанец е повратник во Брера Струмица, откако и во минатато го носеше дресот на струмичкиот прволигаш. Низ својата кариера уште играше и за Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш.

Брера Струмица во пролетниот дел ќе настапи во комплетно нов лик во однос на есенскиот дел, од тимот заминаа искусните фудбалери, а Брера Струмица ќе настапува со млади играчи. Пролетниот дел струмичани го отвараа во Битола против Пелистер.

Александар Ванев, Струмица Сити

Беласица загуби на пријателски меч од Струмска Слава

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Струмичкиот второлигаш Беласица одигра нов пријателски меч во рамки на зимските подготовките за вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Денес на стадион „Благој Истатов“ екипата на Беласица беше поразена со минимални 0:1 од бугарскиот тим.

Претходно, екипата на Беласица загуби на пријателски меч од Детонит Плачковица, а пак славеше со минимални 1:0 над Вардар Неготино.

На првиот пријателски меч одигран на „Билјанини Извори“ Беласица загуби од прволигашот Шкендија од Тетово со 0:4.

Александар Ванев, Струмица Сити

Во сабота протестен марш во Струмица за загадениот воздух

На 1ви февруари (сабота) со почеток во 11:00 часот ќе се одржи протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со воздушното загадување во Струмичката котлина што га истопори Струмица на 7мо место најзагаден град во Европа.

,,Место на собирање е во паркот кај Дом на АРМ и од таму по улицата 24 Октомври почнуваме да се движиме покрај Комуналец, продолжуваме на улица Младинска кај болницата до кружниот тек кај Мавровка, па по улица Гоце Делчев до кружниот тек кај поштата, а потоа по булевар Гоце Делчев до раскрсницата кај Глобал, па продолжуваме по булевар Ленинова покрај Основен суд Струмица и маршот ќе го завршиме пред зградата на општина Струмица кај канцелариите на инспекциските служби.

Таму ќе се обратиме на јавноста за нашите пораки и барања до локалната и централната власт. Ќе ги посочиме нештата што мора да се променат и во името на сите вас ќе искажеме конкретни и прецизни мерки од кои ќе нема отстапување.

Пресудно е да се врши јавен притисок и тоа е најефективно во отсуство на резултати кои со години ги чекаме да ситигнат. Она што досега добивме се полни болници и жални вести. Струмица не смее да остане 7ми најзагаден град во Европа и токму тоа зависи од сите нас!

Ова е исклучиво граѓански протест и секакво јавно истакнато партиско одбележје или симбол ќе биде отстрането од страна на редарите.

ИЗЛЕЗЕТЕ НА ПРОТЕСТ ЗА ВАШИТЕ НАЈМИЛИ

пишува на настанот на фејсбук креиран од Здрава Котлина

Васко Дрвошанов го фати крстот во Струмица

Со осветувањето на водите и традиционалното положување на крстот, денес во општина Струмица беше одбележан празникот Водици – Богојавление, во спомен на денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

На базенот „Аквариус“ во Струмица, во присуство на претставници од Струмичката епархија, и голем број верници, ритуалот беше спроведен со голема посветеност. Оваа година, најбрз и највешт при фаќањето на крстот беше Васко Дрвошанов од Куклиш.

Општина Струмица им го честита празникот Водици на сите христијански верници. Нека е за многу години!

Христијаните денес го прославуваат Богојавление- Водици

Денес православните верцници го прославуваат Богојавление Водици.

Водици претставува еден од најголемите и најзначајните празници а се претпоставува дека се прославувал уште од вториот век од христијанската ера. Повеќе →