Category: Струмица

Брера Струмица на „Благој Истатов“ во Струмица ги започна подготовките

Прволигашот Брера Струмица денес ги започна подготовките за пролетнито дел од сезоната, со првиот тренинг кој се одржа на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Прволигашот со изменет лик ќе настапува во пролениот дел, откако голем дел на играчи заминаа од клубот, а струмичкиот прволигаш разговара за ангажман на нови и млади играчи. На местото на Горазд Михаилов е назначи Тони Атанасов да го води тимот во пролетните предизвици.

Повеќе од јасно е дека Брера Струмица ќе има тешка пролет, бидејќи повеќе екипи ќе водат борба за опстанок, па целта ќе биде собирање бодови и колку што е можно порано обезбедување на опстанокот.

Клубот планира да одигра неколку пријателски натпревари кои ќе бидат повеќе од потребни за воигрување пред се на новите играчи кои ќе пристигнат во Струмица. Пролетниот дел Брера го отвара против Пелистер во Битола.

Александар Ванев, Струмица Сити

Беласица ги започна подготовките, договорени пријателските натпревари!

Беласица ги започнува подготовките за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига под водство на шефот на стручниот штаб, Александар Стојанов.

Во Беласица се врати Александар Коцев, а доаѓа и Александар Богданоски од Кожуф, двајцата играчи и официјално беа промовирани во редовите на Беласица.

Стојанов го има утврдено планот за подготовки на екипата, а како што веќе објавивме, утврдени се и пријателски натпревари преку кои струмичката фудбалска гордост ќе ја темпира формата за пролетниот дел. Беласица на 17. јануари ќе го одигра првиот пријателски меч против тетовска Шкендија, на 22. јануари ќе игра против Вардар Неготино, три дена подоцна со Детонит Плачковица.

На 28. јануари ќе следува меѓународен меч со Струмска Слава од Бугарија, на 1. февруари против Кожуф, а пак „генералката“ ќе биде против Септември Симитли, меѓународен меч со екипата од Бугарија.

Пролетната полусезона Беласица ја отвара на домашен терен против Арсими.

Александар Ванев, Струмица Сити

Tони Атанасов ќе ја води Брера Струмица во пролетниот предизвик за сигурен опстанок во Прва лига!

По раскинот на соработката со досегашниот тренер Горазд Михаилов, Брера Струмица официјално го именуваше новиот стручен штаб за пролетниот дел од сезоната. Тренерската палка ќе ја преземе Тони Атанасов, а негов помошник ќе биде Панче Стојанов. Оваа одлука е донесена од Управата на клубот, кој ги потврди новите предводници на првиот тим, кои ќе го водат клубот во подготовките и натпреварите од пролетниот дел од Првата лига.

Атанасов и Стојанов се добро познати во струмичката фудбалска јавност. Двајцата оставија значаен траг како фудбалери, а потоа и со својот ангажман во младинските погони на Академија Пандев. Сега, со новиот предизвик во Брера Струмица, тие ќе се обидат да го подигнат тимот и да извлечат максимум од фудбалерите кои во есенскиот дел ја завршија сезоната на осмата позиција.

Со нив во стручниот штаб ќе биде и Дарко Коцев, кој ќе биде кондиционен тренер, додека Ѓорги Шопов ќе се грижи за тренерската работа со голманите. Целта на новиот стручен штаб е да го подобри настапот на тимот и да се обиде да го врати на вистинскиот пат во борбата за подобри позиции на табелата.

„Подготвките ги започнавме денес и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството“, вели Атанасов.

Брера Струмица се надева дека со оваа нова тренерска структура и професионален пристап, клубот ќе постигне значителен напредок во пролетниот дел од сезоната и ќе ги оправда очекувањата на своите навивачи.

Александар Ванев, Струмица Сити

Брера Струмица се раздели со Бразилецот Кауан

Екипата на Брера Струмица продолжува со реконструкцијата на тимот и не го продолжи договорот со Бразилецот Мартинс Де Паула Кауан.

24-годишниот дефанзивец, кој успешно покрива и позиција стопер и лев бек, пристигна во клубот во јануари минатата година. По само една година во Струмица, тој го напушта тимот. Во Првата македонска фудбалска лига, Кауан запиша 13 настапи и мина вкупно 918 минути на теренот.

Претходно, Кауан беше дел од естонскиот тим Транс Нарва, од каде што дојде во Брера.

Александар Ванев, Струмица Сити

Брера Струмица и тренерот Горазд Михаилов се разделија

Фудбалскиот клуб Брера Струмица објави дека по четиримесечен ангажман, договорно ја раскинува соработката со шефот на стручниот штаб, Горазд Михаилов.

Искусниот стратег пристигна во клубот на почетокот на септември, по заминувањето на Бојан Круљ, и во својот краток престој остави значителен белег во работата на првиот тим.

„Со својот професионален пристап, кредибилитет и авторитет, Михаилов успеа да ја стабилизира играта на нашиот прв тим, но и да даде можност на десетина млади фудбалери од нашиот младински погон да ја почувствуваат тежината и одговорноста во Првата лига.“ – стои во соопштението на клубот.

Во есенскиот дел од сезоната, Михаилов предводеше тим кој оствари четири победи, четири нерешени резултати и шест порази, што е значајно постигнување, особено со оглед на турбуленциите со кои се соочи екипата. Особено внимание привлече неговата посветеност на интегрирањето на младите играчи во тимот, создавајќи уникатна фузија меѓу младоста и искуството.

„ФК Брера му искажува голема благодарност на Михаилов кој, иако беше краток период во нашиот клуб, остави голем печат со својот професионален однос. Му посакуваме успех во понатамошната кариера. Горазд, ти благодариме.“

Овој потег означува крај на кратката, но успешна соработка меѓу Михаилов и Брера Струмица, оставајќи отворено прашањето за тоа кој ќе биде следниот тренер на клубот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Тешка сообраќајна несреќа кај Василево

Завчера во 20.35 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Струмица, делница помеѓу крстосница за село Василево и Струмица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни повреди се здобил возачот О.П., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Струмичанец починал од загушување со чад

На 31.12.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол” во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица. Лекар констатирал смрт поради загушување со чад, а претходно лицето паднало врз електрична греалка и му се запалила облеката. Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.

На „Доброшински мост” пронајдена марихуана

На 31.12.2024 во 18.30 часот на место викано „Доброшински мост”, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.В.(22) од село Злеово, радовишко. При преглед на патничко возило со радовишки регистарски ознаки, била пронајдена марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Беласица ги закажа подготовките, првиот тест ќе биде против Шкендија во Струмица!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Струмичкиот второлигаш Беласица на 9. јануари ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона.

Шефот на стручниот штаб Александар Стојанов на 9. јануари ќе ја има првата прозивка со играчите, а првиот пријателски натпревар ќе се одигра на 17. јануари во Струмица против тетовскиот прволигаш Шкендија.

Беласица есенскиот дел го заврши на 10. место на табелата со 19 бодови на своето конто.

Александар Ванев, Струмица Сити

(ВИДЕО) Дедо Мраз ја посети ФК Брера Струмица: 300 деца добија новогодишни подароци

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Во пресрет на празниците, Фудбалскиот клуб организираше традиционално новогодишно дружење за најмладите фудбалери, кое оваа година се одржа во Спортскиот центар Пандев. На настанот присуствуваа деца од генерациите 2012 до 2019 година, кои имаа можност да се сликаат со Дедо Мраз и да добијат новогодишни подароци.

Покрај фудбалерите, новогодишни пакетчиња беа доделени и на најмладите девојчиња од Женскиот фудбалски клуб Брера Тиверија, кои исто така учествуваа во настанот.

Организацијата на ваквиот настан е дел од клубската традиција, која има за цел да ги зближи младите спортисти од различни генерации, поттикнувајќи ги на спортска дружба и пријателство. Оваа година, околу 300 деца се здобија со подароци, а организаторите упатија порака за многу здравје и спортски успех во 2025 година.

Традиционалните новогодишни дружби се важен дел од календарот на клубот, кој активно работи на развојот на младите таленти и изградба на позитивна заедница во спортот.

Александар Ванев, Струмица Сити