Category: Струмица

Возач удрил во 4 малолетници во Баница

На 04.12.2024 во 17.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат  во с.Баница, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од с.Баница, струмичко, удрило во четири малолетници од с.Баница, кои во моментот туркале патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки,  управувано од М.М.(46) од с.Баница, а потоа удрило во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетнички, а со телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

ФОТО: МВР

Вечерва стартува „Куклиш 2024“ – фудбалски турнир со 24 екипи, поделени во шест групи!

Вечерва започнува Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, откако вчера беа извлечени групите. Вкупно 24 екипи ќе земат учество, кои се поделени во шест групи со по четири екипи.

Првопласираната екипа ќе добие 150.000 денари парична награда, втората екипа ќе освои 70.000 денари, третопласираната екипа 30.000 денари, а пак четвртопласираната екипа 10.000 денари. Дополнително ќе има награди и за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.

Во 19 часот турнирот го отвараат Вистони ЖП и Еро Градба

Во 20:00 часот Чореви Транс ќе се соочи против ЕАМ Џурџу, а пак еден час подоцна односно од 21 часот Фенербахче против Јови МК.

Александар Ванев, Струмица Сити

Брера Струмица со пораз од Работнички ги заврши домашните натпревари за 2024 година!

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Екипата на Брера Струмица со 1:3 беше поразена на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, во рамки на 17. коло, кое е претпоследно есенско коло. Ова значи дека Брера Струмица со пораз на домашен терен ја затвара 2024 година, со оглед на тоа дека во последното коло Брера ќе игра против Тиквеш во Кавадарци.

Брера сега го дели шесттото место со Шкупи и Пелистер со по 19 бодови, а во последното коло ќе атакува на три бода во Кавадарци со што струмичани би можеле есенската полусезона да ја затворат највисоко до шесттото место.

Натпреварот Брера против Тиквеш го игра во недела, без присуство на публика, како што веќе информираше Струмица Сити по одлука на ФФМ, а на барање на МВР за сите натпревари од 18. коло, како и мечевите од 17. коло кои се играа без присуство на публика.

Александар Ванев, Струмица Сити

Колешино – непресушниот струмички бисер

Во средината на Подгорот, на надморска височина од 270 метри се наоѓа селото Колешино. Селото ја има една од најубавите местоположби. Повеќе →

Струмичани, знаете ли како потекнал култот за Св. Петнаесет тивериополски (струмички) маченици?

Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици биле група христијански светци и маченици од IV век кои своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот. Повеќе →

Како МУРТИНО го добило името?

Селото Муртино за прв пат се споменува во еден турски пописен дефтер од 1519 година. Повеќе →

Брера Струмица утре на „Благој Истатов“ во Струмица го пречекува Работнички

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Брера Струмица утре на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица го пречекува тимот на Работнички, во рамки на 17. коло на Првата македонска фудбалска лига, коло кое требаше да се одигра во неделата, но беше одложено за утре.

Натпреварите од 17. коло и 18. коло на Првата лига ќе се одиграат пред празни трибини, на барање на Министерството за внатрешни работи поради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари., а за што комисијата за натпреварување на ФФМ ја донесе одлуката за празни трибини до крајот на есенската полусезона.

Тоа значи дека на стадионот „Благој Истатов“ присуство на публика ќе нема, па Брера Струмица без поддршка од навивачите ќе се обиде да дојде до триумф над Работнички, кој пак во Струмица се надева на позитивен резултат.

Натпреварот се стартува во 13 часот, а правдата ќе ја дел Крумислав Ѓоргиев од Штип.

Александар Ванев, Струмица Сити

ФФМ го одложи 17. коло од Прва лига за вторник, утре нема прволигашки фудбал

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Утре нема да има прволигашки фудбал, ФФМ донесе одлука за одложување на колото, па тоа значи дека прволигашки фудбал ќе нема ниту во Струмица, па мечот меѓу Брера Струмица и Работнички ќе се игра во вторник.

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Прва МФЛ кои според програмата за натпревари требаше да се одиграат на 1. декември (недела) со почеток во 13:00 часот. 

Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.

Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари од 17. коло во Прва МФЛ за 3. декември (вторник) со почеток во 13:00 часот. 

Александар Ванев, Струмица Сити

Беласица победнички во Велес – совладан Борец!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Беласица триумфираше на гостувањето во Велес кај Борец, откако во меч од претпоследното есенско коло, одноно 14. со минимални 0:1 беше подобра.

Констадин Капсаров го реши натпреварот во Велес со Беласица се враќа на победничките патеки, додека пак екипата на Борец продолжува да нижи порази и ќе биде во многу тешка ситуација за опстанок.

Беласица сега е на 9. место со 19 бодови, колку што има и Скопје кој е место подолу на табелата, а во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против лидерот Македонија ЃП.

Александар Ванев, Струмица Сити

Антонио Каланоски и Брера спогодбено се разделија!

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Антонио Каланоски е слободен играч, откако спогодбено го раскина договорот со прволигашот Брера Струмица.

30-годишниот охриѓанец летово пристигна во Струмица од редовите на Силекс, но кратко траеше неговиот престој во Брера и тој веќе заминува.

Каланоски одигра 14 наптревари за Брера Струмица, без ниту еден постигнат погодок, а на теренот помина 480 минути.

Искусниот напаѓач во својата кариера покрај за Брера Струмица и кратовски Силекс има настапувано за Гостивара, Беласица, Победа од Прилеп, Струга, Борец, Царев Двор од Ресен, Еуромилк ГЛ, Металург, кичевски Напредок, Локомотива и Охрид.