Category: Струмица

Брера Струмица прокоцка два гола и загуби од Шкендија во Тетово

Брера Струмица во рамки на вонредното 30. коло од Првата лига, прокоцка два гола предност во Тетово и со 3:2 загуби од Шкендија. Олаосебикан и Цветаноски погодија за 0:2, а домашниот тим преку Адеми, Цаке и Аганспахич дојде до огромна победа од 3:2, со што Шкендија е на врвот.

Брера Струмица сега е на осмото место со 38 бодови на своето конто, а овој викенд ќе игра против Брегалница, каде струмичани ќе бидат фаворит против штипските „сини“ кои веќе пред официјално испаѓање во Втората лига.

Александар Ванев, Струмица Сити

Беласица пресилна за отпишаниот Караорман

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Во рамки на вонредното 27. коло од Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беласица гостуваше во Струга, каде против веќе отпишаниот Караорман запиша убедлива победа од 0:4.

Струмичани беа апсолутни фаворити во Струга, каде во првиот дел Беласица ги постигна сите четири гола за 0:4 на полувреме, а стрелци беа Никола Талески во 16. минута, потоа Петар Гугуљанов во 27. минута, а девет минути подоцна Костадин Капсаров стрелаше за 0:3. Во финишот од првиот дел капитенот Александар Милушев погоди за 0:4.

Во вториот дел мрежите мируваа, па резултатот од првиот дел стана конечен, а Беласица дома се врати со нови три бодови на своето конто.

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Вардар од Неготино.

Александар Ванев, Струмица Сити

Цветков со реакција на обвинувањата на ОК ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ОО СДСМ Струмица и кадндаит за пратеник од СДСМ во Изборната единица 4, со реакција на обвинувањата на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

  • Во продолжение реакцијата на Цетков во целост:

„Почитувани граѓани, Јас, Борче Цветков, претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица и кандидат за пратеник од СДСМ во Изборната единица 4, најостро ги демантирам и отфрлувам сите обвинување упатени кон мене од страна на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Но, тоа е ДПМНЕ, освен да шират лаги и да манипулираат со народот, ништо друго и не знаат. Ниту сме во паника, ниту пак сме вршеле, ни ќе вршиме притисоци и закани на вработени во администрацијата, ниту пак укинуваме социјална помош, НИКОГАШ ДОСЕГА ТАКВО НЕШТО НЕ СМЕ ПРАВЕЛЕ. ДПМНЕ се мајстори за тоа и немаме намера да им го земаме занаетот. А уште помалку да им се закануваме на нивните активисти и да шириме страв меѓу членовите и активистите на СДСМ. Поголеми небулози од овие досега не сме слушнале. Тенденциозно е небулозно е и обвинувањето за наводно каменување на штабовите на ВМРО ДПМНЕ во Вељуса и Габрово. Па ВМРО ДПМНЕ беше и останува е синоним за вандализам, што е потврдено на фотографиите коишто се во прилог. И за крај, сонот за Струмица НИКОГАШ нема да ви се оствари. Струмица НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ВАША. Дваесет години го соновувате тој сон и уште најмалку толку ќе сонувате и ќе копнеете по неа. Деновиве сте се расшетале по неа и не можете да и се нагледате колку е различна и напредна за разлика од општините каде што вие владеете. Запознајте ја и разгледајте ја, за да ви биде уште повеќе мака по 8 мај, затоа што нема да ја освоите. Битката е изгубена, но не и војната.“

ФОТО: Асфалтирани три нови улици во Банско

По Сачево и Муртино, денеска се асфалтираа 3 улици кои беа приоритетни за граѓаните на Банско, а ќе се бетонират и неколку џебови.

,,Во ова населено место се реализираат и други проекти.

Околу 65 проценти од населеното место е веќе покриено со фекална канализациска мрежа, а да може да биде целосно во функција потребна е пречистителна станица за којашто обезбедивме 30 милиони денари од Министерството за животна и останува само спроведувањето на тендерската постапка.

Го решаваме и проблемот со питката вода, изработивме проект за филтер станица во вредност од 43 милиони денари и имаме обезбедно средства за изградба на станицата, со што инфраструктурно го затвораме Банско.

Ќе го исполниме и ветувањето на местото на стариот и руиниран Дом на културата кој нема услови да биде преадаптиран, ќе направиме голем парк со мултифункционално детско игралиште.

Продолжуваме уште посилно…” – изјави градоначалникот на Струмица Костадинов

Беласица со триумф над Кожуф во Струмица

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Фудбалерите на Беласица запишаа победа од 2:0 над Кожуф од Гевгелија на домашен терен во рамки на 26. коло од Втората македонска фудбалска лига.

Гугуљанов и Милушев беа стрелци за струмичката гордост која со новите три бодови се проби до деветтото место со 34 бодови на своето конто, а веќе утре во вонредното 27. коло Беласица гостува во Струга кај Караорман.

Александар Ванев, Струмица Сити

Брера Струмица со важна победа над Вардар

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Брера Струмица запиша важна победа над Вардар од 2:0 со погодоците на Цветаноски и Ивковиќ во рамки на 29. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Со оваа победа Брера направи посериозна разлика од бараж зоната, па тка струмичани веќе во среда играат против Шкендија во Тетово, каде ќе се борат барем за бод и со тоа да стават печат на опстанокот во Првата лига.

Вардар останува во бараж зоната со 29 бодови, а Брера е на шестото место со 37 бодови.

Александар Ванев, Струмица Сити

Доминантна сезона за помладите пионери на Брера Струмица, освоена шампионската титула

Фудбалери на Брера Струмица од генерација 2008 или во категоријата помлади пионери на три кола пред крајот на првенството во ова конкуренција и математички ја освоија шампионската титула.

Вчера, помладите пионери славеа над скопски Вардар со минимални 1:0 во дербито на колото, всушност ова беше дуел на новиот шампион Брера Струмица и второпласираниот Вардар, во рамки на 19. коло.

Уште еднаш се потврди домининацијата на Брера Струмица во оваа конкуренција, предводена од тренерот Тони Атанасов.

Во оваа сезона, на овие 19 првенствени меча немаа пораз младите фудбалери во својата конкуренција и се најефикасен тим во лигата.

Надежите на Брера Струмица доминираат, а тоа беше потврдено со предвреме обезбедената титула, а веќе на 15. мај оваа генерација ќе игра и финале од Купот на Македонија против битолски Пелистер, со што струмичани се пред можноста за освојување на двојна титула.

Александар Ванев, Струмица Сити

ДОМИНАЦИЈА: Струмица 47&72 триумфираше против Штип УГД и ја освои шампионската титула во одбојка

Доминацијата на Струмица 47&72 продолжува во домашното одбојкарско првенство, откако синоќа во Штип струмичани го совладаа Штип УГД со 1:3 во сетови за 15:25, 21:25, 25:21 и 17:25, за вкупно 3:1 во победи за екипата на Струмица, која ја осво 11-тата шампионска титула.

Во четвртиот меч кој се одигра синоќа во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, екипата на Струмица беше подобра против новиот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД.

Конор Хенкс со вкупно 61 поен беше најефикасен кај Струмица 47&72 во четирите натпревари во низа, а кај Штип УГД Махди Задмар имаше 67 поени.

Синоќа во „Јордан Мијалков“ Хенкс постигна 17 поени, Офоха 15 поени, а пак кај Штип УГД Задмард имаше 23 поени, Абхар 15 поени, а Алексов 11 поени.

Од 2012-та година досега Струмица само трипати не беше освојувач на двојната круна, годинава поради Штип УГД кој го крена Куп-пехарот, со што направи најголем успех во градот Штип во кој било колективен спорт.

Александар Ванев, Струмица Сити

ВИДЕО: Уште еден голем успех на Академија Нови Таленти на Чин Чин Куп во Србија

Уште еден голем успех за младите фудбалери од Академија Нови Таленти од Струмица, откако на еден од најдобрите турнири на Балканот, „Чин-Чин Куп“ завршија во осумте најдобри со генерација 2013 и генерација 2014 од 100-тина екипи од цел Балкан.

На турнирот кој се одржа во Златибор, Србија, генерација 2013 во четвртфиналето загуби од Чајетина со минимални 0:1, но на овој натпревар Академија Нови Таленти прикажа одлична игра и одигра добар натпревар, но некогаш треба и фудбалска среќа.

Генерација 2014 загуби во пенал рулетот со 2:3 од Зрински, откако во регуларниот дел резултатот беше 1:1.

И покрај поразите на двете генерации во четвртфиналето, сепак Академија Нови Таленти заедно со тренерите Оливер Христов, Љупчо Трајковски и Антонио Динов прикажаа квалитетен, модерен и допадлив фудбал против нивните противници.

Академија Нови Таленти претходно беше на „Хирен Куп“ во Сандански, Бугарија, каде исто така забележа одлични резултати со две генерации.

Александар Ванев, Струмица Сити

Стојанов: Пад на концентрацијата во пресуден момент го реши победникот во Радовиш!

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата!

Беласица вчера со минимални 1:0 загуби од Детонит Плачковица во Радовиш, во дербито на Истокот од 25. коло на Втората македонска фудбалска лига.

По натпреварот, изјава даде тренерот на Беласица, Александар Стојанов, кој вели дека пад на концентрацијата во пресуден момент го решило победникот во Радовиш.

  • ИЗЈАВА НА АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВ, ТРЕНЕР НА ФК БЕЛАСИЦА:

Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра против екипата на Кожуф од Гевгелија, во дуел од средишниот дел од табелата за што подобар пласман на второлигашката табела.

Александар Ванев, Струмица Сити