
Министерство за труд и социјална политика донесе Програма за реализација на Проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2022 година, информираше министерката Јованка Тренчевска.
Во проектот ќе бидат опфатени околу 250 деца кои се родени во периодот од 2008 до 2011 година, деца редовни ученици во основно училиште од семејства во социјален ризик, како и деца корисници на посебен додаток до 26 години.
За време на летниот распуст 2022 година на корисниците им се обезбедува престој од – 7 дена. Програмата на децата ќе ја реализираат воспитувачите во групите и другиот стручен кадар (педагошки раководител/водич на смена, медицински тим и волонтери ангажирани од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија.