Category: Политика

МТСП: Минималната плата од месец март ќе биде 20.175 денари, над 2000 денари повисока за една година

Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто, односно истата од месец март ќе изнесува 20.175 денари. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денари.

Со измените на законот за минимална плата, донесени во март 2022 година, се воспостави нова методологија, која е системско решение и кое значи постојан раст на минималната плата.

Секоја година во месец март минималната плата  се усогласува согласно податоците од Државниот завод за статистика, и тоа 50% од порастот на  трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата од измината година.

Од 2017 година имаме континуирано зголемување на минималната плата и тоа во 2017/2018 година на 12,000 ден, во 2019 година на 12,507 ден, во 2020 на 14,500 денари, во 2021 на 15,194 ден. Во март  2022 година минималната плата достигна 18,000 денари за разлика од 2016 кога минималната плата изнесуваше 10.080 денари.  Во март месец 2023 година минималната плата достигнува 20.175 денари, што е за над 10.000 денари повеќе.

Носиме системски решенија, од кои граѓаните имаат директни придобивки.

Тренчевска: Преку постојан раст на пензиите и воведување на социјални услуги го унапредуваме квалитетот на живот на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во емисијата Трето доба на Македонската телевизија зборуваше за политиките и мерките кои Владата и Министерството за труд и социјална политика ги креираат и реализираат за подобрување на квалитетот на живот на ранливите категории на граѓани, вклучително и повозрасните граѓани.

„Градењето на системски решенија кои на долг рок ќе даваат резултати е наша определба. Воспоставивме нова методологија за усогласување на пензиите, која ги следи двата индикатори односно растот на просечната плата и растот на трошоците за живот. Ова усогласување ќе се врши два пати во годината и ова значи постојан раст на пензиите,“ рече Тренчевска.

Министерката посочи дека, за година дена пензиите се зголемија за 16% а со усогласувањето во март пензиите ќе бидат за над 20% зголемени.

Таа зборуваше и за финансиската поддршка која како дел од антикризните мерки ја добија 330000 пензионери односно тие добија по 1000 денари за месеците март, април и мај или вкупно 3000 денари.

„Пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од вториот пакет антикризни мерки согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за полесно справување со енергетската криза. Притоа, пензионерите со пензии до 11.525 денари добиваат по 1500 денари 4 месеци, а пензионерите со пензии од 11.526 денари до 14.000 денари по 750 денари,“ информираше Тренчевска.

Таа посочи дека и над 600 стари лица ја користат услугата помош и нега во домот, како дел од мерките кои ги спроведува министерството заедно со локалната власт и давателите на услуги. Придобивката е двојна  и над 250 претежно жени се вклучени како даватели на услуги, кои се потешко вработливи лица, а со оваа услуга ги активираме на пазарот на труд. Услугата помош и нега во домот започна да се спроведува како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги со поддршка на Светска банка, а за да се обезбеди нивна одржливост тие преку управни договори продолжува да ги финансира министерството.

Во нашата држава постојат 5 општински домови за стари лица и сместувачкиот капацитет е над 1000 лица. Покрај општинските , она за кое е надлежно МТСП е и надзорот на изградбата и работата на  приватните капацитети , кои се околу 40 домови. Министерката упати повик до општините да аплицираат со идејни проекти за домови за стари лица, капитални инвестиции во кои може да инвестира и МТСП. Покрај Берово, во градба во моментов е и домот во Пробиштип.

На тема ментално здравје, министерката ја истакна важноста од подигнување на свеста за ова прашање и за повозрасните граѓани, но и за младите. Затоа во периодот кој следува преку разни можности и услуги ќе бидат вклучени во активности со цел подобрување на нивното здравје.  За таа цел се отворени и неколку центри за активно стареење , а во план се и отворање на нови. 2023 година ќе биде година посветена на менталното здравје.

Министерката зборуваше и за присуството на насилството во нашето општество. Таа посочи дека, насилството мора да се пријавува и не смее никој да се плаши од реакцијата на околината. 

„Навремено пријавено насилство , може да спречи и кобни последици,“ потенцираше Тренчевска.

Се исполнува ветеното: Од март минимална плата над 20.000 денари

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ преку одговорни, ефикасни и навремени економски политики и предвреме ги остварува ветувањата дадени пред граѓаните.

Во 2020 година, пред парламентарните избори пред граѓаните дадовме ветување за минимална плата од 20.000 денари.

Денес, една и пол година пред крајот на мандатот, тоа ветување го реализираме.

Веќе со мартовската плата, минималните месечни примања го зголемуваме на 20.175 денари, односно за над 2.000 денари од сегашната минимална плата која изнесува 18.000 денари.

Претходно, исто така на година и половина од крајот на мандатот, реализиравме уште едно клучно ветување, за просечна плата од 34.000 денари.

28 месеци од почетокот на мандатот на оваа Влада, во декември 2022 година, просечната плата според Државниот завод за статистика изнесуваше 34.364 денари.

Важно е да се напомене дека овие остварувања се случуваат во години кога бевме соочени и се уште се соочуваме со последиците прво од здравствената, а потоа од економската и енергетската криза.

За нас во СДСМ, зборот даден пред граѓаните останува збор, ветеното го реализираме.

Сето ова е дополнителен мотив да работиме уште повеќе посветено во реализација на ветувањата дадени пред граѓаните.

Потпретседателот Битиќи: Ветеното го реализираме и продолжуваме да работиме на поставување и постигнување на се поамбициозни цели за развој

Соопштение за јавност од СДСМ – Социјалдемократски Сојуз на Македонија

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата исплатена во декември 2022 година изнесува 34.364 денари, што за 14.8 отсто повеќе споредено со истиот месец од 2021 година.
Потпретседателот Фатмир Битиќи денеска на својот фејсбук профил објави преглед на покачувањето на просечната плата во последните 10 години.

„Заводот за статистика во денешното соопштение вели дека просечната плата изнесува 34.364 денари, со што година дена порано, се реализира програмската цел од парламентарните избори 2020 година дека ќе постигнеме раст на просечната плата од 34.000 денари или покачување од 30%. Како што можете да видите на графиконот подолу, веќе сме на 28% зголемување за овие 2,5 години. На истиот графикон можете да го следите и трендот на зголемување за 5 години, од 2012 до 2017 година има зголемување од само 11%, а во годините 2017 до 2022 година од 44% или во апсолутен износ од 10.514 денари, владата предводена од СДСМ за 4 пати повеќе ја зголемила просечната плата што значи зголемен домашен буџет кај нашите граѓани.

Како вицепремиер за економски прашања изгласан на парламентарните избори до 2020 година, односно некој на кој му е дадена доверба и одговорност да се грижам за економскиот раст и развој и животен стандард на моите сораѓани е важно што кога го гледам периодот од 10 години, односно од 2012 до 2022 година, просечната плата е порасната за 12.895 денари, но од овие 10 години, само во периодот од јуни 2020 до декември 2022 имаме пораст од 7.497 денари, што е скоро 60% од вкупното зголемување за 10 години.

Бројките го покажуваат трендот и тука сме јасни и кога некој викаше дека ова се недостижни цели, покажавме дека тоа не е така. Затоа, не треба да се плашиме и треба да веруваме во своите потенцијали и да работиме да ги реализираме. Продолжуваме понатаму со креирање на Националната развојна стратегија, да поставиме заедно јасни и просперитетни цели за следните 10 или 20 години, цели кои ќе не доведат до посакуваниот развој. Заедно, за нашата татковина.“ – напиша Битиќи.

СДСМ го оствари ветувањето – просечна плата над 34.000 денари, година и пол пред предвидениот рок

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

СДСМ денеска оствари клучно ветувања од Програмата за парламентарните избори во 2020 година.

Државниот завод за статистика денеска објави дека просечната плата исплатена во декември 2022 година изнесува 34.364 денари, што за 14.8 отсто повеќе споредено со истиот месец од 2021 година.

Со ова, една и пол година порано од предвиденото се остварува ветувањето на СДСМ и коалицијата за просечна плата од 34.000 денари до крајот на мандатот, односно до јули 2024 година.

Преку одговорни и ефикасни економски политики и во време на светска економска криза успеавме да ги зачуваме работните места и да отвориме нови, а платите да растат постојано.

Минималната плата во март минатата година ја покачивме на 18.000 денари, а веќе во март оваа година таа ќе изнесува 20.200 денари, што е предвремено остварување на уште едно ветување на СДСМ за минимална плата од 20.000 денари до крајот на мандатот.

За СДСМ зборот останува збор, она што го ветуваме пред граѓаните, тоа го остваруваме.

Сето ова за нас е мотив да продолжиме со реализација на мерките и политиките во Програмата.

Тренчевска: Политиките за социјална правда и родова еднаквост се одлика на СДСМ

Се во општеството зависи од социјалната правда и затоа вечерва ние жените од СДСМ овде од мрачните улици во Велес, гласно порачуваме: Нема родова еднаквост без социјална правда и нема социјална правда без родова еднаквост, истакна во своето обраќање на Маршот за социјална правда, претседателката на Форум на жени на СДСМ, Јована Тренчевска.

Тренчевска порача дека во фокусот на СДСМ политиките за родовата еднаквост и социјална правда се високо на агендата на дејствување и издвои што се СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство сторил во изминатите години за подобрување нс статусот на жените.

„Минималната плата ја зголемивме два и пол пати. Изградивме близу 80 градинки.

За жените земјоделки прв пат во историјата на нашата држава обезбедивме надоместок за мајчинство , односно породилно отсуство. Евидентни се резултатите од политиките за економско јакнење на жените што е основен предуслов за силни и моќни жени кои се двигателот на промените во општеството. Ја зголемивме социјалната помош за 300 посто.

Воведовме детски и образовен додаток за 70 илјади деца.Воведовме социјална сигурност за повеќе од 10 илјади стари лица преку социјална пензија.

Обезбедивме лични и образовни асистенти за над 1000 деца со попреченост. Обезбедивме помош и нега во домот за над 700 стари лица во нивните домови. Ја зголемивме пензијата за над 15% за само една календарска година. Ги донесовме измените на Кривичниот закон со кои воведовме нови кривични дела, демнеење и родово базирано насилство и ги заостривме казнените политики за кривични дела-насилство врз жените. Со тоа се усогласивме со одредбите од Истанбулската Конвенција. Го подготвивме новиот Закон за родова еднаквост со кој ќе биде воспоставен Секретаријат за родова еднаквост, и имаме уште голем број мерки што значат подобар живот за сите граѓани“ порача Тренчевска.

Претседателката на Форумот на жени го осуди говорот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој беше полн со шовинизам и омраза.

„Згрозени сме од говорот на координаторот на пратеничката група на ВМРО во Собранието, кој од говорницата изнесе тешки, навредливи и понижувачки квалификации за една родилка, со што ги понижи сите жени. Ова не е социјална правда , ова е лицемерие и пример како не треба и не смее да се третираат жените“ посочи Тренчевска.

Над 17 милиони евра исплатени субвенции кон земјоделците за само една недела

Прес-конференција, Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделие, шумарство и водостопанство на СДСМ

Почитувани граѓани,

За разлика од лажните вести на опозицијата, владата на СДСМ, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, знае и покажува како се води државата во развој и одржливост.

Тоа најдобро го знаат земјоделците, кои го имаат највисокото место во приоритетите на нашата политика.

Во еден ден, на сметките на околу 24.000 земјоделци кои одгледуваат житни култури, исплатени се близу седум милиони евра основни субвенции.

Со ова, се стимулираат над 100.000 хектари земјоделска површина со поледелско производство.

За 2023 година, владата предводена од СДСМ издвои над 200 милиони евра наменета за директна помош и инвестиции во земјоделството.

Минатата недела, во пресрет на празникот Свети Трифун беа исплатени близу 10 милиони евра кон 15.000 лозари.

Нашата мисија да имаме стабилен и развиен земјоделски сектор продолжува. СДСМ останува да биде искрен партнер на земјоделците.

Благодарам.

СДСМ: Одлуката на Судот во Стразбур е победа на правдата и правната држава

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Голема победа на правдата, на правната држава и аргументите на Владата.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени.

Ја поздравуваме оваа одлука важна за правдата и независниот правосуден систем.

Незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов пропадна.

Оваа одлука на Судот во Стразбур е важна затоа што не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур. Нивниот обид за ништење на правната држава, уште еднаш, се покажа неуспешен.

Аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени.

Сега, независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доведе до крај кривичните постапки кои се во тек.

Само ако има правда, има мир.

Нема и не смее да има какви било калкулации кога во прашање е правдата и одговорноста за сите сторени кривични дела.

Владеењето на правото и правната држава во која одговорност пред законите е еднаква за сите без разлика на политичка, верска, национална или било каква припадност се врвни приоритети на СДСМ во градењето праведно и правично општество.

СДСМ: Судот во Стразбур ја потврди правдата, јасно е како владеела ВМРО-ДПМНЕ

Како владееше ВМРО-ДПМНЕ, денес потврди и Европскиот суд за човекови права во Стразбур, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

„СДСМ останува на определбата да гради праведно општество и вашата реторика, вашиот наратив нема да ви успее, народот ги согледува вашите политики и затоа нема да ја добиете поддршка“ порача Николова.

Николова посочи дека ВМРО-ДПМНЕ постојано покажува дека нема став за ниту едно важно прашање за граѓаните и државата.

„Немавте став за кризата со коронавирусот, немавте став за економската криза и почнавте со блокади. Изгубивме средства што ни ги даваше меѓународната заедница за енергетскиот сектор, само поради вашите блокади. Немавте став за европскиот предлог и пак блокади, излеговте овде од салава и не гласавте ниту со ДА ниту со НЕ, иако го изнесовте народот на улица. Го делевте народот за да ја прикриете вашата безидејност“ заклучи Николова.

СДСМ: Нови придобивки од Отворен Балкан, без работни дозволи за граѓаните

Соопштение за јавноста од СДСМ – Социјалдемократски Сојуз на Македонија:

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера ги ратификуваше законите од Иницијативата Отворен Балкан, важни за граѓаните и македонската економија во целост.

Отсега, граѓаните на Македонија, Србија и Албанија добиваат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирање и чекања, без административни трошоци.

Тоа ќе значи унапредување на заедничкиот пазар и зголемување на мобилноста на работната сила во регионот.

За овие закони исто како и за многу други закони важни за државата и граѓаните, оратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа.

Наместо на своите работни места, наместо во салата, пратенциите од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од неа, целосно игнорирајќи ја потребата на граѓаните за носење на овие важни закони.

СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните и државата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување, продолжува да кочи и блокира се што е важно за државата.