Category: Политика

СДСМ: Рамо до Рамо до победа во Струмица и Конче: Пензиите на 330.000 пензионери ги зголемивме за рекордни 8,4 отсто

Соопштение за јавност од СДСМ:

Караванот теренски активности на СДСМ „Рамо до рамо, до победа“ во понеделникот беше во југоисточниот регион.

Претседателката на Форум на жени Јована Тренчевска заедно со Марко Ѓорѓиевски рамо до рамо застанаа со граѓаните на Струмица.

– Претходниот месец имавме рекордно зголемување на пензиите од 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери. Со новата методологија пензиите растат секој март и септември па со следното зголемување во септември оваа година, за само една и пол година пензиите ќе пораснат за вкупно 25 отсто. Покрај пензионерите, СДСМ на дело покажува што значи вистинска грижа и за ранливите категории граѓани, порача Тренчевски пред граѓаните на Струмица.

Во општина Конче членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски и портпаролката Богданка Кузеска пред граѓаните порачаа дека Владата и надлежните институции предводени од СДСМ успешно се справија со сите предизвици од глобалната економска и енергетска криза, дека цените на основните производи сега се со намалени цени, додека поддршката кон земјоделците е навремена и неселективна со цел што повеќе да се зголеми домашното производство на храна.

– Во 2022 година, успеавме комплетно да ги расчистиме сите заостанати обврски кон земјоделците, со што, за прв пат, оваа 2023 година, државата ја започнува без заостанати обврски кон земјоделците. Заедно со земјоделците креиравме и нов модел за субвенционирање, со којшто, меѓу другото, ги насочуваме земјоделците кои култури да ги произведуваат, според потребите во државата. Со овој модел, за прв пат започнавме и аванса, предвремена исплата на дел од субвенциите, за земјоделците да ги имаат парите во оној момент која им се најпотребни, рече Бачовски.

Портпаролката на СДСМ, Кузеска, потенцираше дека со антикризните мерки СДСМ успешно се справи со последиците од глобалната економска и енергетска криза.

– Реализиравме антикризен пакет од 760 милијарди евра, најголем во регионот. Обезбедивме субвенционирана цена на струја за граѓаните во висина од 80% од сметките, субвенционирана цена на струја за малите бизниси и за најзагрозените. Го заштитивме стандардот на граѓаните и со мерки за намалување на цените на производите, рече Кузеска на маалска средба во Конче.

Тасевска: Ги намалуваме цените на 11 производи од зеленчук и овошје за помали трошоци на граѓаните

Прес-конференција,​ Лидија​ Тасевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски продолжува со грижата за граѓаните и нивниот животен стандард.

По намалувањето и замрзнувањето на цените на основните прехранбени продукти, како лебот, млекото и млечните производи, јајцата, тестенините и оризот, ​ од петти април се замрзнува цената на 11 дополнителни производи.

Владата утврди највисока продажна цена од 70 денари за килограм свеж домат, 75 денари за килограм свежа краставица, 90 денари за килограм зелени пиперки, 75 денари за килограм грав, 55 денари за килограм лимони и портокали и 70 денари највисока цена за килограм банани.

Покрај тоа се намалуваат и цените на леќата, на кромидот, на карфиолот и на мандарините.

Со оваа одлука овие утврдени највисоки цени ќе бидат со важност до крајот на месец април, а со почетокот на месец мај и со почетокот на пласманот и на домашните производи, значително ќе се зголеми конкуренцијата на увозните производи и очекувано е цената дополнително да се намали.

Важно е да се напомене дека со оваа одлука одредени земјоделски производи, како пиперката, гравот и доматот, ќе поевтинат и за повеќе од двојно во споредба со најзастапената цена во малопродажба на 21 март оваа година.

Ова почитувани е уште еден одлучен чекор кон заштита на стандардот на граѓаните, но и за забавување на растот на инфлацијата во државата.

Ние како одговорна партија ќе продолжиме со реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните.

Апелираме сите производители, увозници и маркети да ја почитуваат оваа одлука на Владата.

Во време на светска економска криза, никого не оставаме сам, но и не дозволуваме некој да профитира врз грбот на граѓаните.

Владата на денешната седница ги замрзна цените на 11 земјоделски продукти

ФОТО: Влада на Република Северна Македонија | АРХИВА

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало.

Со одлуката се определуваат највисоките цени во трговијата на мало нa повеќе производи и тоа: свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.

Највисоките цени на овие производи, во трговијата на мало, се утврдуваат во висина: до 70 денари за килограм свежи домати, до 75 денари за килограм свежи краставици, до 60 денари за килограм кромид, до 70 денари за килограм карфиол, до 90 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 75 денари за килограм грав, до 110 денари за килограм леќа, до 70 денари за килограм банани, до 55 денари за килограм портокали, до 60 денари за килограм мандарини и до 55 денари за килограм лимони.

Највисоките цени на производите посочени во оваа Одлука, во трговијата на мало, ќе се применуваат и на зелените пазари и тоа од 5 април 2023 година до 30 април 2023 година, а Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Во образложението на предлагачот на Одлуката, Министерството за економија, е посочено дека според членот 29 став 1 алинеја 3 од Законот за трговија, Владата може привремено да го ограничи вршењето на трговијата, во случај нарушување на домашниот пазар, заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки. Согласно наведеното, врз основа на членот 30 став 1 алинеја 2 од Законот за трговија, Владата може да ги определи највисоките цени за одделни производи и услуги во производството и прометот.

СДСМ: Замрзнувањето на цените го штити стандардот на граѓаните

„СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните, во време на светска економска криза.

Се проширува листата на производи со замрзнати цени, на одредени видови овошје и зеленчук.

Нови пониски цени се очекуваат за кромидот, доматите, краставиците, пиперките, карфиолот, бананите, портокалите, мандарините, лимоните, како и на гравот и леќата.

Веќе се нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките се намалува за 13 отсто.

Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.

Млекото и млечните производи се поевтини за 10, а тестенините за 15 проценти.

Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година.

СДСМ продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки кои, го штитат стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението на владеачката СДСМ.

СДСМ: Мерките за намалување на цените даваат резултат, се грижиме за стандардот на граѓаните

„Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните со одговорни мерки и политики.

Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултатит, цените се намалуваат, се зголемува опсегот на производите опфатени со мерките за замрзнување на цените.

Прв на листата за замрзнување на цената, беше белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари.

Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти.

Владата денеска треба да ја замрзне на цената на јајцата и на оризот согласно цените кои што биле во март.

СДСМ нема да дозволи некој да печали на грбот на граѓаните во оваа тешка криза, која несомнено ги погодува сите.

Истовремено минималната плата е покачена на 20.175 денари, пензиите забележаа рекордно зголемување за 8,4 отсто, континуирано расте и просечната плата која се искачи на 34.364 денари.

Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните“, се вели во соопштението од СДСМ.

СДСМ: Повеќе пари во семејните буџети, го зголемивме повратот од ДДВ на 2.100 денари

„СДСМ преку институциите што ги предводи реализира мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети.

Мерката МојДДВ е една од најуспешните мерки од концептот Парите назад кај граѓаните што го реализира СДСМ.

Со усвојувањето на законските измени, прагот за поврат на ДДВ за физички лица се зголемува од 1.800 на 2.100 денари за едно тромесечје.

Корисниците на апликацијата МојДДВ, чиј број постојано расте и се искачи на над 520.000 зголемените суми ќе ги добијат на своите сметки во мај, за периодот јануари – март 2023 година.

Мерката Мој ДДВ дава одлични резултати во борбата против сивата економија, но и за зајанување на стандардот на граѓаните, што е особено добредојдено во време на светска економска криза.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за заштита и унапредување на нивниот стандард“, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ: СДСМ неколку пати ги зголеми пензиите и платите од времето на ВМРО-ДПМНЕ

„За СДСМ, напредокот на државата, граѓаните и нивниот животен стандард секогаш се на прво место.

СДСМ и во време на кризи, покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани и обезбеди неколкупати поголеми плати и пензии од времето на ВМРО -ДПМНЕ.

Со одговорни и системски решенија обезбеден е континуиран раст на платите и на пензиите.

Минималната плата од овој месец се зголемува на 20.175 денари.

Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.900 денари, а во текстилната, кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.

Постојано расте и просечната плата, која се искачи на 34.364 денари, од 22.445 денари, колку што изнесуваше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

За пет години просечната плата во државата е покачена за 44 отсто.

Од овој месец рекордно се зголемуваат пензиите.

Согласно новата методологија, пензиите од месец март се зголемуваат за 8,4 отсто, што значи дека просечната пензија се покачува за околу 1.500 денари на 19.150 денари.

Просечната пензија од јануари 2016 година до јануари 2023 година е зголемена за над 35 отсто, односно од 13.076 денари на 17.666 денари.

За ВМРО-ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, а на пензионерите се сеќаваа само пред избори. ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на споменици, палми и врби, СДСМ се грижи за сите граѓани и обезбедува постојан раст на платите и пензиите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Шкријељ: Цените на производите паѓаат, растат платите и пензиите, грижата на СДСМ на дело

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, продолжува да се грижи за сите категории граѓани.

По неодамнешната одлука за замрзнување на цената на белиот и полубел леб, во следните денови следува значително намалување на цените и на други продукти.

Цената на тестенините се намалува за 15 отсто, додека цената на млекото и млечните продукти се намалува за 10 отсто.

Покрај овие одлуки кои имаат за цел да ги заштитат граѓаните од ценовни шокови, реализираме и системски решенија кои го унпаредуваат животниот стандард.

Од овој месец, минималната плата повторно се зголемува и таа ќе изнесува 20.175 денари, односно за над 2.000 денари повеќе од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Согласно методологијата за усогласување на пензиите, од овој месец ќе растат и пензиите за 330.000 пензионери.

Според проценките пензиите ќе пораснат за околу седум отсто што значи дека просечната пензија во март оваа година ќе се зголеми за над 1.200 денари, а следното зголемување согласно Законот ќе се случи во септември оваа година.

Ова почитувани е пример за вистинска грижа за сите граѓани.

Затоа како одговорна партија ќе продолжиме да работиме посветено на унапредување на животниот стандард на сите граѓани.

Шкријељ: Минималната плата е 20.175 денари, многу повеќе од 8.800 денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

СДСМ ги остварува своите ветувања дадени пред граѓаните.

Од овој месец минималната плата ќе изнесува 20.175 денари за сите вработени, со што една и пол година пред предвиденото, го реализираме ветувањето дадено во 2020 година, за минимална плата од 20.000 денари.

Пред само неколку години, во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше 8.800 денари.

Тогаш, околу 90.000 работници во текстилната, чевларската и кожната индустрија беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум.

ВМРО-ДПМНЕ цела деценија ги манипулираше работниците и пред светот ги прикажуваше како евтина работна сила.

Тоа време одамна заврши.

Денес, минималната плата важи за сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, минималната плата ќе расте секој март, без да зависи од волјата на која било сегашна или идна владата.

Во шест години СДСМ четири пати ја зголемува минималната плата.

Прво на 12.000 потоа на 15.200 денари, па на 18.000, за од овој месец таа изнесува 20.175 денари.

За нас вреднуван, ценет и задоволен работник е императив.

Растот на минималната плата ќе поттикне раст и на останатите плати, со што просечната плата која сега изнесува 34.364 денари, дополнително ќе се зголеми.

Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за работниците и сите други категории граѓани.

СДСМ: Следува историско покачување на пензиите од 8,4% за сите 330.000 пензионери

СДСМ се грижи за пензионерите, обезбедува континуиран раст на пензиите.

Со мартовската пензија следува историско зголемување на пензиите за 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери.

Просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари.

Преку одговорните и ефикасни политики, владата предводена од СДСМ за само една година од март 2022 до март 2023 ги зголеми пензиите за 18 отсто, што никогаш досега се нема случено.

Благодарение на новата методологија за усогласување, со која пензиите два пати годишно се усогласуваат со растот на трошоците на живот и растот на просечната плата, се обезбедува континуиран раст на пензиските примања.

Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со грижа за највозрасните граѓани, кои треба достоинствено да живеат во своите пензионерски денови.