Category: Македонија

Се зголемува цената на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која од ноќеска се зголемува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари од литар, а пак цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се намалува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 84,00 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 41,042 (денари/килограм)

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки

Прес-конференција на пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ.

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ во континуитет инвестира во детската заштита, како еден од клучните столбови на детскиот развој.

Од 2017 година, па до сега, отворени се 75 градинки низ целата држава, со опфат од околу 5.500 деца.

Важно е да се напомене дека дел од овие градинки се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.

Само минатата 2022 година, изградени се нови или имало доградба на 10 градинки и тоа во општините Струмица, Гостивар, Берово, Демир Капија, Крива Паланка, Валандово, Сопиште, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода.

Со тоа,само за една година, капацитетите на градинките ги зголемивме за над 1.000 деца од целата држава.

За оваа година планирана е изградба, доградба или адаптација на дополнителни над 20 градинки во државата

Освен во објекти, Владата предводена од СДСМ инвестира и во човечкиот потенцијал.

Како резултат на политиките на Владата предводена од СДСМ, вработените во градинките добија за околу 21% повисока плата.

Со Колективниот договор за вработените во оваа дејност, платата на воспитувачките, негувателките и стручниот кадар во градинките од септември 2022 година, се покачи за 15 отсто.

Тоа значи дека за само пет години, платите во детската заштита се зголемени за 36 отсто, или за повеќе од една третина.

Почитувани,

СДСМ како одговорна, државотворна партија и во време на светска економска и енергетска криза продолжи со вистинска грижа за сите граѓани.

Продолжуваме да инвестираме во се она што е важно за нашите граѓани, за нашето општество.

Исплата на ученичките и студентските права по основ на стипендии и оброк ќе се реализира до крајот на јануари

Министерството за образование и наука известува дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела. 

Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата на Република Северна Македонија. 

Програмите ќе бидат усвоени на следната владина седница, по што МОН ќе ги подмири сите заостанати финансиски обврски кои учениците и студентите.

СДСМ: Откупот на тутунот заврши во рекордно време со цена од 290 денари по килограм

Прес-конференција, Гоце Георгиевски, комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Почитувани,

Скоро секоја прес-конференција ја започнуваме со потсетување на јавноста дека оваа Влада, предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски води искрена грижа за земјоделскиот сектор и дека СДСМ секогаш ќе биде на страна на земјоделците.

Тоа постојано го докажуваме со резултатите од неуморната посветеност на Владата и ресорното Министерство.

Во година која беше проследена тешка економска криза и војна на европско тло која сеуште трае, пишуваме рекорди. Откупот на тутунот заврши во рекордно време без ниту еден регистриран проблем во откупниот процес, а тутунарите ги поминаа новогодишните и божиќните празници со полни сметки.

Просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставува зголемување од 45% во споредба со минатата година, кога беше 200 денари по килограм.

Кога на оваа откупна цена, ќе се додаде и субвенцијата од 80 денари по килограм која ја доделува Владата, тутунарите ја завршија сезоната со заслужена заработка од 370 по килограм тутун.

Рекордни 80% од вкупно откупената количина припаѓаат во прва класа и тоа во услови на зголемено производство и површина за околу 10% во споредба со минатата реколта. За откупот се склучени приближно 30.000 договори, односно бележиме зголемување од 2000 договори повеќе од минатата година.

За оваа производна година на тутунот, исплатени се околу 100 милиони евра.

Сакаме да им честитаме на производителите на тутун за оваа убава, успешна година за нив и нека овој успех се повторува секоја наредна реколта.

Овие резултати се најсилниот доказ дека оваа Влада, предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија води искрена грижа за земјоделците.

Поскапуваат горивата од вечерва на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која од ноќеска на полноќ постапуваат цените на сите горива.

ЕУРОСУПЕР-95 посакува за 1 денар, додека пак ЕУРОСУПЕР-98 за 1,5 денари, дизелот посакува за 1 денар, а пак екстралесното масло за домаќинство 1,5 денари, а пак цената на Мазутот М-1 НС се зголеува за 0,176 ден/кг.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 80,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 82,50 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 81,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 81,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 39,459 (денари/килограм)

Финансиска поддршка за пензионерите со пензии до 14.000 денари, во март ново зголемување на пензиите

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Како одговор на последиците од кризата, Владата предводена од СДСМ презема низа чекори за помош и поддршка на граѓаните.

Во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

Започнувајќи од декември во наредните четири месеци парична помош ќе добиваат:

корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Финансиска поддршка е предвидена и за пензионерите кои добиваат пензии во висина до 14.000 денари.

Покрај финансиската поддршка, во март следува ново усогласување на пензиите за 330.000 пензионери.

Согласно новата методологија за усогласување на пензиите како збир од растот на трошоците на живот и растот на платите, проценките се дека во март пензиите ќе порасната помеѓу шест и седум отсто.

Тоа ќе значи покачување за над 1.000 денари на просечната пензија која сега изнесува 17.422 денари.

Преку одговорните и ефикасни политики, успеваме за само една од март 2022 до март 2023 година да ги зголемиме пензиите за околу 16 отсто, што никогаш досега се нема случено.

Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со грижа за највозрасните наши граѓани, кои треба достоинствено да живеат во своите пензионерски денови.

СДСМ: Со СДСМ оваа година, минималната плата ќе порасне на над 20.000 денари

Соопштение од СДСМ – Социјалдемократски Сојуз на Македонија

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи обезбедува постојан раст на минималната плата.

Во март годинава минималната плата ќе се зголеми и ќе изнесува над 20.000 денари.

Со методологијата донесена минатата година преку дијалог со сите засегнати страни, се обезбедува континуиран раст на минималната плата, како системско решение независно од нечија политичка волја.

Минималната плата лани е покачена на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 9.000 денари.

Со мерките и политиките на СДСМ платите растат и во време на криза.

Дизелот поевтинува, цената на бензините останува иста

Регулаторната комсија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денес донесе Одлука со која од полнолќ дизелот поевтинува за еден денар за литар, а пак цената на бензините останува иста. За половина денар се намалува цената на Ексра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), а за 1,372 денари за килограм поевтинува и Мазутот.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 79,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 81,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 39,283 (денари/килограм)

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец декември 2022 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јануари 2023 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

04.01.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ

05.01.2023– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.
Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 12.01.2023 година.  
На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).
На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).
На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка, а најдоцна до 09.01.2023 година.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Линк до списоците: http://bitly.ws/yAjC