Category: Македонија

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.11.2022 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец ноември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.11.2022 година (среда);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.12.2022 година (четврток) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.12.2022 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 29 ноември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

2023 е година на повисоки плати и пензии и забрзан еконоски раст

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани граѓани,

Во првите 10 месеци од годинава, ги саниравме последиците од светската економска криза со два пакети мерки вредни 760 милиони евра.

Резултатите се веќе видливи, во тешки услови успеавме да обезбедиме доволно храна, струја, енергенси, да ги подджиме граѓаните компаниите и да ја спасиме македонската економија.

Секако дека има уште многу работа но врз основа на економските параметри и резултат може да кажеме дека 2023 ќе биде година на
економски пресврт и нова надеж.

Еден од инструментите за остварување на таа цел е Буџетот за 2023 кој ги комбинира антикризните мерки со развојните политики.

Со Буџетот за 2023 предвидени се дополнителни средства за исплата на плати и пензии, односно следната година повторно ќе имаме раст на
минималната плата и на пензиите согласно новата методологија.

800 милиони евра се предвидени за капитални проекти, тоа се средства директна инвестиција во локалниот економски развој и во домашното
стопанство.

Дека 2023 година ќе биде многу подобра од оваа, потврдуваат и проекциите на ЕБОР кои предвидуваат раст на македонската економија од
2.3 отсто.

Тоа, меѓу другото ќе го постигнеме и со зголемениот број на странски директни инвестиции, со трансформација на енергетскиот сектор, нешто
што веќе интензивно се случува ширум нашата држава.

СДСМ и претседателот Ковачевски имаат план кој обезбедува економски раст, подобар животен стандард и сигурна и стабилна иднина.

ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги излаже граѓание, не се зголемуваат цените на Катастар

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги излаже граѓание, не се зголемуваат цените на Катастар

Откако им пропаѓаат обидите за блокади, ВМРО-ДПМНЕ се враќаат на старите навики со фалични калкулации сакаат да ги манипулираат граѓаните.

Не е точно дека цените на катастарските услуги се зголемени за сите услуги најмалку пак дека се зголемени за пет пати.

ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да ги излаже граѓаните, особено што на одредени документи цената е намалена за три пати.

Како што е и јавно објавено новиот тарифен модел, поединечните цени на податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем (ГКИС) и надоместокот за запишување во катастарот на недвижности не се енормно зголемени како што се дезинформира јавноста тук се на ниво на реално направени трошоци за нормално функционирање и одржување на електронските системи.

Со тоа што се воведени и фиксни надоместоци за користење на дел од податоците од ГКИС, како и за запишување на правата на недвижностите.

Овој надоместок во претходните тарифници изнесувал од 100 до 300 денари, а сега е пропишан единствен износ во висина од 250 денари кој е и единствен надоместок за одредени производи од ГКИС.

Дополнително, за голем број документи цената е значително намалена со што паѓаат во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ со фаличен калкулатор сака да ги манупулира граѓаните – точната математика ја знае секој геодет, вкупниот трошок за еден проект поскапува за точно 0% односно НЕ поскапува.

Тарифите впрочем се јавно објавени и на официјалната страница на институцијата.

Буџетот за 2023 е развоен, обезбедува средства за повисоки плати и пензии, сите пратеници да го поддржат

Буџетот за 2023 година кој е во собраниски процедура е развоен и е одговор на последиците од енергетската и економската криза.

Во него, за нови мерки за помош предвидени се 250 милиони евра.

Во споредба со 2022 година, во новиот Буџет приходите се зголемени за 14,8 отсто, додека дефицитот се намалува за 0.7 процентни поени во однос на проекциите за 2022 година.

75 милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на следната година, согласно новата методологија.

Тоа значи дека веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, додека грижата за ранливите категории продолжува.

Нивото на капиталните проекти е на близу 800 милиони евра, односно за околу 52,3% повеќе во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст, кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2.3 отсто, што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите од еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто.

Сите пратеници низ конструктивна и аргументирана дебата да го поддржат Буџетот за 2023 година кој е во интерес на граѓаните и македонската економија.

2023 ќе биде година за економска пресвртница, на нова надеж

2023 ќе биде година за економска пресвртница, на нова надеж

Економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели.

Проекцијата на ЕБОР е дека македонската економија во следната година ќе има раст од 2.3 отсто. Тоа е многу повеќе од проекцијата на ЕБОР за земјите од еврозоната која изнесува 0.3 отсто. Според проекцијата на Народната банка оваа година ќе ја завршиме со раст од над 2 проценти

СДСМ во првите десет месеци од годината цврсто се борше против кризата, а наредната година, со новиот Буџет започнува пресвртница, нова офанзива, со која кризата конечно ќе биде победена, ќе почне економски раст и зголемување на животниот стандард.

Пресвтницата ќе ја обезбедиме со многу труд, со политики за привлекување нови странски инвестиции кои носат добро платени работни места, со енергетска транзиција и визија да станеме зелен европски центар во Европа.

Наредната 2023 година ќе биде година на нова надеж, година за економска пресвртница.

„Etransport.mtc.gov.mk“ – јавен веб портал за контрола на превозниците на патници

Сите граѓани од денеска во реално време ќе можат да ги проверуваат превозниците во патниот сообраќај дали поседуваат лиценци и сите неправилности да ги пријавуваат до надлежните органи.

Ова е овзоможено со новиот јавен сервис  http://etransport.mtc.gov.mk, кој денеска го презентираа министерот за транспорт и врски, Благој Бочвaрски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и директорот на Државниот транспортен инспекторат, Гајур Рушити.

Проверката се однесува  само за превозниците кои вршат превоз на патници во меѓуопштинскиот и меѓународниот сообраќај. Пребарувањето и контролата може да се изврши преку впишување на името на компанијата или по бројот на регистарски таблички.
 
„Граѓаните заедно со државните институции ќе можат да бидат рамноправен контролор на терен.  Ова го правиме за да го подобриме системот на контрола и да овозможиме подобар, побрз и поефикасен транспорт. Заеднички ја изработивме веб платформата etransport.mtc.gov.mk, за да го подигнеме нивото на услуги за граѓаните и да се избориме против оние кои се дрзнуваат да фалисфикуваат документите. Превозот мора да биде на виско ниво”, – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Институциите ги потпишаа и договорите за соработка со што се овозможува меѓусебна размена на податоци како една значајна системска мерка за поефикасна контрола во патничкиот и товарниот транспорт.

„За нас како Министерството за внатрешни работи секоја нова иницијатива што има за цел стриктно почитување на законите, и поголема сигурност и безбедност на граѓаните, е добредојдена, и безусловно прифатлива. Како дополнителен аргумент во институционалната решителност за севкупно подобрување на нормативните и други стандарди во патничкиот транспорт и транспортот на стоки, е и денешнава промоција на веб страницата www.etransport.mtc.gov.mk, не само како логичен туку и логистички инструмент на потпишаниот Договор за соработка, туку и во контекст на приоритетните заложби на Владата на Република Северна Македонија и на министерствата за транспарентно, отчетно и одговорно работење, кое што целосно и во континуитет ќе биде ставено на увид на граѓаните“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Во текот на оваа година, Царинската управа заедно со Министерството за транспорт и врски интензивно работеше на надградба на системите на двете институции и нивно поврзување преку платформата за интероперабилност. Како резултат на овој развој, креирани се нови сервиси кои на царинските службеници на граничните премини им овозможуваат во реално време да вршат проверка на веродостојноста на приложените документи, односно на изводот од лиценца за возилата и сертификатите на возачите, дирекно во базите на податоци во системите на Министерството за транспорт и врски.

Поврзувањето на двете институции и користењето на овој сервис,  претставува голем чекор напред кон спречување на нелегални активности на сите учесници во прекуграничниот сообраќај“, изјави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

„Со овој електронски пристап Државниот инспекторат за транспорт ќе добие една многу важна алатка која ќе придонесе за поефикасно, подобро и поквалитетно вршење на инспекцискиот надзор, при што инспекциските надзори ќе бидат со пократко време на траење на цела територија на државата. Едноставно со овој договор граѓаните ќе бидат поинформирани и нема да се чека на контролните пунктови за тоа дали превозниците поседуваат или не поседуваат соодветни лиценци за вршење н превоз на патници и стока“,  изјави директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Гајур Рушити.

Драстичен раст на инфлацијата, ДЗС измери октомвриска инфлација од 19,8 проценти, буквално се поскапело

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.4, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.

Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 %, млекото за 5.9 %, сирењето и урдата за 5.7 %, месото за 3.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 %, рибата и морските плодови за 2.8 %, лебот и житата за 1.8 %, кафето, чајот, какаото за 1.4 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 %, виното за 0.9 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 %, пивото за 0.4 % и жестоките пијалаци за 0.3 %.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 %, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 %, парамедицинските услуги за 1.8 %, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 %, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 %, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 %, медицинските услуги за 1.3.%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни за 0.9 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 %, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 %, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 %, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 % и маслото и маснотиите за 0.8 %.

Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 %, туристичките аранжмани за 10.4 %, теписите и другите подни покривки за 4.5 %, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 %, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 %, моторните возила за 0.7 %.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври 2021 година, бележи зголемување од 19.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 15.4 %.

(ВИДЕО) Ковачевски: Со нов пакет мерки од над 350 милиони евра ги помагаме најранливите, никој нема да биде оставен сам во кризата

Никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза, оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно, порача на денешната прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски. Премиерот Ковачевски го презентираше новиот пакет антикризни мерки во вредност од над 350 милиони евра.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Знам дека е недела, но ова се кризни времиња и сите ние, вклучувајќи ме и мене мора да делуваме соодветно, брзо и одлучно, затоа што пред нас е исклучително тешка зима и  мора секојдневно да се носат одлуки кои што ќе значат полесно справување со сите предизвици кои што ги имаме.

Денес со мене се министерот за финансии, министерот за економија, заменик премиерот за економски прашања, директорот на Развојната банка, министерот за труд и социјала и директорот на УЈП, доколку имате прашања ќе можете да им поставите на сите нив, после моето обраќање.

Клучната порака на оваа прес-конференција е дека никого нема да заборавиме како што тоа беше случај и во претходните месеци и претходните две години и никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од оваа криза, затоа што оваа криза ќе ја пребродиме сите заедно.

Мојата работа денес, а и секој ден понатаму, како и во сите изминати денови е да овозможам сите заедно, заеднички да ја пребродиме зимава на најдобар можен начин. Да ја пребродиме затоа што знам дека на пролет ќе биде подобро од она што нѐ очекува во наредните неколку месеци од зимата.

Оваа криза со која што се соочуваме не само тука, туку и во најразвиените земји е најтешката, најголемата криза после Втората светска војна, вие гледате дека сите извештаи на медиумите укажуваат дека се работи за највисоки стапки на инфлација во последните 50 години, ги гледате сликите од Франција каде што веќе има недостаток на дизел за возилата, каде што километарски колони се пред бензинските пумпи, меѓутоа секоја држава се справува на најдобар можен начин во однос на капацитетите со кои што располага, а секако заедно со нашите партнери од НАТО и заедно со нашите партнери од ЕУ и од регионот и ние се справуваме со кризата.

Заедно со нашите партнери и пријатели од ЕУ, како што кажав и ќе повторам уште еднаш, и заедно со нашите партнери од регионот и со нашите соседи ќе се погрижиме сите, буквално сите да бидат згрижени во текот на оваа зима. Знам дека сите граѓани се загрижени, нема граѓанин во нашата држава, во регионот и во Европа кој што не е загрижен од она што го гледаме секој ден на телевизиските екрани од боиштата во Украина, меѓутоа и од се она што излегува како информации во однос на економските показатели, затоа делуваме одлучно и преземаме мерки кои што ги ублажуваат ефектите на оваа криза.

Ќе биде тешко и кај нас, ќе биде тешко и во многу други земји, но тука дома сите да имаат доволно греење и доволно храна за да ја преживееме зимата.

Затоа денес на 88-та седница на Владата со министрите ги финализиравме мерките за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско- енергетска криза. Изминатиов период бевме навистина посветени на изнаоѓање на начини како да продолжи поддршката која ќе овозможи да го заштитиме животниот стандард на граѓаните но и ликвидноста на компаниите. Тоа се двете најважни работи и тоа е нашиот фокус до денес. Но од денес уште попосветени во надминувањето на ефектите од оваа глобална криза.

Нашата економија само што почна да заздравува и да бележи раст после пандемијата во која издвоивме регионално рекордни 1,2 милијарди евра, се случи војната во Украина која ја продлабочи кризата. Ние како Влада, делувавме брзо и одлучно, јас тогаш ви презентирав сет на мерки во вредност од 400 милиони евра со кои реално го ублаживме ценовниот шок и го заштитивме животниот стандард на граѓаните.

Денес, со најновата одлука, повторно, менаџираме добро со буџетот и ги враќаме парите назад кај граѓаните но таму каде што е најмногу потребно, кај најранливите категории на граѓани.

Донесовме нов сет на мерки за справување со енергетската и ценовната криза вреден над 350 милиони евра за кои економскиот импакт се очекува да уште биде поголем. На овој начин, со мерките кои ги донесовме во текот на 2022 година, вкупниот пакет на антикризни мерки изнесува досега 750 милиони евра.

По длабоки и долги консултации со експертите, со претставници на работодавачи, на здруженија на пензионери, со претставници на Стопански комори инсистирав да делуваме на повеќе нивоа за да може буквално сите да бидат опфатени.

Од една страна, нашата, мојата цел за оваа зима е да ги искористиме максимално ресурсите со кои располагаме, контактите со нашите пријатели од Европа, од регионот, контактите со најблиските соседи и да го исполнуваме нашиот план за обезбедување ресурси и пред се електрична енергија за семејствата, за училиштата, за болниците, за претпријатијата.

Затоа и изминатиов период јас и мојот тим бевме и во Бугарија и во Грција на средба со нивниот премиер, и разговарав со претседателот Вучиќ, министерот Бектеши беше во Турција на разговори со нивната државна компанија за електрична енергија, јас разговарав со претседателот Ердоган. Енергенси, струја, но и парно во Северна Македонија мора  да има.

Од друга страна, усвојуваме таргетирани мерки кои ќе бидат поддршка за најранливите граѓани, што од друга страна е и препорака на меѓународните финансиски институции. Ние се наоѓаме во тежок период во кој што нема простор за изобилие, туку има простор за солидарност и поддршка на оние кои што се најранливи категории во општеството.

Во исто време, се трудиме да изнајдеме начин како она што веќе е поддршка за граѓаните и компаниите, да го продолжиме и понатаму за да обезбедиме сеопфатен пристап.

Така, со овој ребаланс на буџет кој што беше усвоен во изминатиот период, се осигуравме дека ќе се продолжи со мерките како што е повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата за да се ублажи ценовниот удар од растечката цена на електрична енергија на светските берзи.

Продолжува и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно помагаме 4.000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија. Со оваа мерка, секое семејство поединечно е помогнато со скоро 200 евра во текот на годината.

Продолжува финансирањето на општините за проекти за енергетска ефикасност преку поволен кредит во вредност од 10,5 милиони евра преку МСИП во Министерството за финансии.

Дополнително го одложуваме воведувањето еколошката такса, поради стопанството. Во Буџетот тоа ќе се над 25 милиони евра, но тоа се пари на граѓаните кои стопанството може да ги искористи за справување со кризата и затоа оваа такса нема да биде воведена оваа година.

Компаниите ги ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Повторно ова се над 26 милиони евра кои остануваат во оптег во стопанството.

Поволните кредити за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, во вредност од 100 милиони евра преку РБСМ по принципот 1+2 продолжуваат и понатаму да обезбедуваат поддршка за компаниите.

Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата и тоа со 80%, 611.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи и има пет пати помала сметка за струја од она што би ја платиле без субвенцијата на државата.

Со ребалансот продолжуваме на мерката за субвенционирање на цената на електричната енергија за што со ребалансот издвоивме дополнителни средства за да може сметките на граѓаните да останат на исто ниво до крајот на годината, односно 80% субвенционирани и на малите потрошувачи. За да може сето ова да се случи, одвоени за целата година ќе се вкупно над 222,7 милиони евра.

Со ребалансот воедно се обезбедуваат и средствата потребни за раст на пензиите, за поддршка на ранливите категории на граѓани, за раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, за средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, за дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и за стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од енергетската и ценовна криза.

Со последниот ребаланс беа испланирани и сега ќе се операционализираат следниве мерки. Исплата на еднократна помош од 3.000 денари за примателите на гарантирана минимална помош, а тоа се 36.000 домаќинства за чија поддршка е одвоено скоро 40 милиони евра.

Зголемување на пензиите согласно новата методологија на пресметка на пензиите за над 330.000 пензионери. Во март ја усогласивме пензијата за 2,9%, со септемвриската имаше уште едно усогласување од 6,8, што е досега вкупно 10% зголемување на пензиите од март до денес. Во март идната година повторно ќе има усогласување со трошоците за живот и просечната исплатена плата, и проценката е дека зголемувањето кумулативно ќе е 16% што досега е најголемото зголемување и тоа во неизборна година, но јас кажав и кога ја менувавме методологијата за пензиите и кога го обезбедивме тоа покачување дека пензионерите заслужуваат секоја година зголемување на пензиите согласно со растот на трошоците за живот и растот на платите а не да бидат користени како порано во изборни цели пензиите кои што им беа исплаќани. Оваа мерка дава резултат и на краток но особено на долг рок. Засега, обезбедени се над 73 милиони евра за пензиите. Субвенционирање на придонеси за поддршка на платите на вработените во приватниот сектор во вкупен износ од над 17 милиони евра со кои што државата го субвенционира делот на придонесот кога работодавачите ја зголемуваат платата на работниците, со што работниците добиваат нето зголемување на платата, а работодавачите добиваат поддршка од државата за придонесите кои што ги исплаќаат за пензиско и за социјално осигурување.

Субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор за стимулирање на приносите, зголемување на продуктивноста, поголема конкурентност и амортизирање на ценовните притисоци за основните прехранбени производи. За земјоделците издвоивме над 52 милиони евра.

Обезбедување на средства за враќање на парите кај граѓаните преку програмата Мој ДДВ за што во буџетот издвоивме скоро 18 милиони евра, во време на криза, во време кога државата прави напори да субвенционира електрична енергија и зголемено производство на храна и субвенционирање на придонеси на плати како што кажав, зголемување на пензии и зголемување на минимална плата сепак сумата за поврат на ДДВ, односно директно враќање на парите кај граѓаните од ДДВ-то не е намалена, туку напротив таа изнесува 18 милиони евра.

Во овој процес на дизајнирање на мерки, ги земавме предвид препораките на експертите и на институциите како Меѓународниот монетарен фонд за фискалните политики кои треба да се водат, особено од страна на земјите во развој, кои по пандемијата го проширија долгот и намалија фискалниот простор.

Поради тоа се пристапи кон дизајнирање на таргетирани мерки, за поддршка на најранливите категории и за оние каде таа поддршка би имала значајно влијание. Оттаму, постојните мерки се дополнуваат со уште еден сет на мерки.

На овој начин, еднакво, и со поддршка на одделните општествени и економски сегменти покрај поддршката на оние кои најмногу им е потребна, ја одржуваме макроекономската стабилност, бидејќи кога се прават антикризни мерки мора во предвид да се има и поддршката на граѓаните, меѓутоа и макрофинансиската стабилност на државата, фискалната одржливост и монетарната одржливост на државните резерви, на платниот биланс.

Согласно овие препораки дизајниравме мерки за социјално ранливи категории на граѓани. Со овој сет антикризни мерки пред сѐ обезбедуваме по 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци, или вкупно 12.000 денари за скоро 42.0000 граѓани. (Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица, и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок (стечајни работници)). За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци (1500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра.

Во овој сет на мерки обезбедуваме поддршка на јавни, образовни и здравствени установи.

Така, ги вклучуваме основните и средните училишта на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија, и обезбедуваме континуиран и непречен образовен процес. Поддржуваме вкупно 365 основни и 109 средни училишта и (за оваа цел одвоивме над милион евра).

Овозможуваме снабдување на јавните здравствени установи со електрична енергија преку продажба од ЕСМ по далеку поповолна цена од пазарната цена.

Обезбедуваме снабдување со електрична енергија на мерни станици за водни пумпи, преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската цена (потребна електрична енергија од 34.000 MWh, субвенционирање на разлика во цена на електрична енергија – фин импликација 3,4 милиони евра), не смееме да дозволиме во општините каде што се снабдуваат со вода преку пумпи да останат граѓаните без вода.

Секако не го забораваме и приватниот сектор – микро, малите и средни компании, тие се нашиот столб.

Го прошируваме опсегот на компании кои се корисници на кредитно – гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање за обезбедување на обртни средства за што се предвидени околу 5 милиони евра.

Обезбедуваме директна кредитна линија за поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба) како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход);

Овозможуваме забрзан и зголемен поврат на ДДВ со помалку од 30 дена за поврат на ДДВ за што се одвоени вкупно скоро 160 милиони евра.

Обезбедуваме на поволна консултантска поддршка за изработка на проекти / студии за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел полесен пристап до капитал.

Продолжуваме со кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со структура на финансирање 60%-40%, за што се одвоени 10 милиони евра.

Воедно, за набавка на енергенси, затоплување на Градот Скопје, поддршка за производство на евтина домашна струја за домаќинствата кои треба да ги операционализира ЕСМ преку кредит од ЕБРД од 100 милиони евра.

Почитувани граѓани,

Кажав и на почетокот на оваа прес-конференција, и ќе повторам, верувам дека сите заедно, ќе ја пребродиме зимата и оваа најтешка, најголема криза досега. Јас ќе дадам сѐ од себе, Владата, министрите исто, тоа е наша работа и денес и секој ден понатаму.

Како што покажавме денес со овие антикризни мерки, активно и секојдневно се справуваме и ќе се справуваме со последиците, и дома, но и во соработка со соседите, со европските пријатели.

Јас знам дека сите ние се грижиме за нашите семејства во време на криза, тоа е природно. Но кога сте премиер, вие мора да се грижите за сите. Затоа и денес ги донесовме овие мерки и продолжуваме и понатаму со секојдневен ангажман за да се погрижиме да има и струја и греење и храна за сите.“

Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023

ФОТО: Влада на Република Северна Македонија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, на денешниот објаснувачки скрининг состанок за поглавјето Статистика, кој се одржува во Луксембург, најави дека после пилот Пописот на земјоделство, кој беше спроведен во јуни 2022 година, во согласност со методологијата целосно усогласена со Регулативата IFS бр. 2018/1091 година, планиран е Пописот на земјоделството за октомври 2023 година.

– Нашиот Државен завод за статистика континуирано работи на имплементација на принципите на Кодексот на практика на европската статистика, периодично проверувајќи го статусот на усогласеност преку самопроценка. Дополнително важно достигнување на кое Државниот завод за статистика активно работеше во текот на 2022 година е Програмата за статистички истражувања 2023-2027 година, за зајакнување на статистичкиот систем во земјата со вклучување на повеќе институции кои собираат релевантни статистички податоци, истакна Маричиќ, пред претставниците на Еуростат.

Според вицепремиерот Маричиќ статистичките податоци ќе бидат важен дел од преговарачкиот процес бидејќи ќе треба да покажеме како се применува усогласеното законодавство во пракса, а на состанокот потенцираше дека Северна Македонија има постигнато одредено ниво на усогласеност, што е потврдено и во Извештаите.

-Успешно спроведениот попис, според методологијата и стандардите на Еуростат, после две децении, е потврда за имплементирањето на соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и Еуростат. 
Во наша корист е што не почнуваме од почеток, бидејќи веќе имавме една образложувачка средба во февруари 2019 година, пред усвојувањето на новата Методологија за проширување. На ова би го додал, како уште една предност, фактот што после повеќе од 25 години ја транспониравме соодветната статистичка легислатива во нашето национално законодавство, работејќи заедно со Комисијата и ЕУРОСТАТ, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со Унијата, Маричиќ пред почетокот на објаснувачкиот скрининг, заедно со директорот Апостол Симовски и државната секретарка на СЕП, Абдиу-Халили, одржаа состанок со заменик генералниот директор на Еуростат, Гало Гије, на кој разговараа за подготвеноста и активностите кои ги презема Државниот завод за статистика, со цел полесно да одговори на идните предизвици со кои ќе се соочи, при преносот на податоците во Европскиот статистички систем, во рамки на процесот на пристапување во Европската Унија.

Денеска продолжува скрининг процесот со објаснувачки состанок за Поглавје 18, Статистика, во Луксембург, на кој Европската комисија и Еуростат ќе го презентира новиот корпус на ЕУ acquis донесено во периодот по 2018/19 година. 

ВИДЕО: 31 година од прогласувањето независна држава Македонија

Македонија денес го празнува Денот на независноста – 8 Септември. Пред точно 31 година беше одржан референдумот на кој имаше 95 отсто излезеност од населението, а 75,7 проценти од излезените граѓани се изјаснија за независна држава.

„Нека ни е лестита самостојна и независна Македонија“, беа зборовите на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година.

Први држави кои ја признаа Македонија како независна беа, Бугарија, Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

По деценискиот спор со Грција, во 2020 година Северна Македонија стана членка на НАТО, но потоа следуваше нова блокада од страна на Бугарија кон Европскиот пат.

Деблокадата на нашиот Европски пат беше овозможена со прифаќањето на предлогот на француското претседателство на ЕУ од 30 јуни 2022 година од страна на македонската Влада, со што Северна Македонија која во 2005 година доби статус на земја кандидат, ќе почне да ги отвара поглавјата за членство во ЕУ, откако ќе се направат неопходните уставни измени кои ги бара Бугарија, а кои произлегуваат од билатералниот протокол потпишан со нашиот Источен сосед.

8 Септември – Денот на независноста на нашата држава ќе биде одбележан со бројни свечености ширум цела држава.

  • Како изгледаше прославата на плоштадот во Скопје, кога Македонија беше прогласена за самостојна, суверена и независна држава: