
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денес донесе Одлука со која од полноќ цената на дизелот се намалува за 2 денари, за два денари се намалува и цената на Екстра лесно масло за домаќинство, додека пак цената на бензините останува иста.
Цени од 04.02.2023 00:01 часот:
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 84,00 (денари/литар)
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 86,00 (денари/литар)
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,00 (денари/литар)
- Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 41,346 (денари/килограм)