Во Струмица соживот градиме неколку националности и вери. Нѐ има Македонци, Турци, Срби, Роми… Христијани и Муслимани. Во овој град домуваме заедно, почитувајќи се еден со друг и своите обичаи. На христијански празник, соседот Муслиман оди кај едниот на слава, а на муслимански празник, другиот му возвраќа. Така си живееме ние во Струмица и еве денес го празнуваме еден од најголемите празници Рамазан Бајрам. Повеќе →
Category: Струмичко ќоше
ИНТЕРВЈУ СО СТРУМИЧАНЕЦОТ ЛАЗАР МИТРОВ – ,,”ЖИВОТОТ Е АВАНТУРА”
После 25 години отсуство повторно се враќа со нови нумери. Нашиот струмичанец Лазар Митров познат на постарите по хитот од 1992 година „Со Исус се родив“, па хитот од 1994 година „Ќе те направам каша“ и секако 1995 „Што ќе ми е се“ се враќа оваа година со 4 нови нумери „Немој не оди“, „Трајко од наше село“, „Песна стара“ и последната нумера во дует со Аца Логос „Удри жестоко“. Струмица Сити разговараше со Митров за неговите нови песни, за неговиот приватен и професионален живот, за музичките соработки и за можеби најважното што понатаму со музиката.
• Што е тоа што ве поттикна да издадете нови песни ?
„Некој кој што работел со музика порано, па и ден денес сигурно одвреме навреме ќе го земе инструментот во раце и ќе засвири некоја песна. Музиката е таква од која никогаш не можеш да се одделиш од неа без разлика што и да работиш. Секој кој е навлезен во таа тема порано или подоцна тоа што тлее во него мора да излезе на виделина. Мислам дека со секоја уметност е така. Не дека 25 години јас ја оставив на цело музиката, едноставно се повлеков од сцената. Кај нас многу ретко се луѓе кои живеат само од музиката, професионално да се занимаваш со тоа овде во нашата држава без да работиш нешто друго е многу редок случај посебно во забавната музика. А тоа што ме потикна пак да направам нови песни можеби е тоа што со музиката не мислиш на реалноста, на проблемите, едноставно наоѓаш излез во својата креативност. Кога ги правам песните комплетно се концентрирам само на тоа. Тоа ме исполнува духовно и ми прави задоволство“, раскажува Митров за Струмица Сити.
• Што се случуваше во меѓувреме во тие 25 години како приватно така и професионално ?
„Се случува живот. Не знаеш каде ќе те однесе, што се ќе работиш и каде ќе „заплови бродот“. Животот е авантура, полн со препреки кои дел по дел ги совладуваш. Што ли немам работено во меѓувреме додека да го најдам вистинскиот пат. Возев такси, држев угостителски објекти, игротека, 1999-2000 година со Горан Кукиќ оформивме музичко студио кое подоцна истото го работев со Пеле Демиров за нешто подоцна да го работам сам. Работев и како растоварач, работев на безинска, во печатница на компјутер, за подоцна да ја оформам фирмата која и ден денес работам во неа. Сега имам своја компанија која работи во областа на ПВЦ и Алуминиум каде изработуваме панели и трговија со сите врсти на материјали за таа дејност“, вели Митров.
• Си работел и во музички студиа, со кој музичари сте соработувале како започна сето тоа?
„За прв пат кај нас во градот почнавме да снимаме со компјутер, т.е. дигитално. Претходно имаше студиа кои работеа аналогно. Започнавме со Горан најпрвин со во тогашно време на компјутерска техника која беше баук за нас, да работиш на тие слаби компјутери беше предизвик. За некој месец откога едвај го најдовме тој потребен хардвер и софтвер за таа намена, со голем ентузијазам и напорно учење на тие програми почнаа да излегуваат песни. Во почетокот тешко, за да подоцна го добиеш посакуваниот звук. Тогаш снимавме за Горан и Ленче, па пробавме со Пицикато, правевме реклами, па соработка и со нашиот (Бог да го прости) Љубе Челибиев на неговиот материјал, подоцна работев со Џамбо Агушев и првите негови албуми ги снимив со него, па со Пеле Демиров, па млади Асанови и уште многу наши музичари,а и неколку музички групи од соседните држави“, ни раскажува Митров.
• Колку песни имаш направено-снимено. Текстовите кој ги пишува, музиката…?
„Не знам точно, стотина, а можеби и повеќе. Текстовите за моите песни се мои,како и музиката. Видео записот на последниве песни ги направив аматерски, чисто да покрај звукот има и слика. Не ми е намерата професионално да го работам тоа, тоа го правам од чист ентузијазам“, кратко коментира Митров.
• Што понатаму со музиката ?
„Ќе видиме како сето тоа ќе се одвива. Правењето на песна не е толку едноставно, не е само да се направи песна, тоа треба најпрвин на мене да ми се допага, да ми звучи убаво. Ги слушам сега тие нови песни тие за мене нови звуци, малку ми е чуден тој начин на правење на денешната музика, тоа мешање на ориентал со поп, рап со фолк…, ама сепак колку и да мене лично не ми се допагата тоа е моментално во тренд. Па затоа и го почитувам, не мора да го сакам тој „жанр“. Ми треба време за да го „сварам“ тој нов тренд, па потоа да створам таква музика. Мислам дека припагам на таа генерација која музиката поинаку ја разбира“, вели Митров и за крајо од разговорот додава: „Да го вратиме времето на пријателство, дружење, спортување… Да ги вратиме вистинските вредности на животот, почитта спрема постарите, чесноста да биде доблест. Како општество ги изгубивме сите нормативи на човечноста. Младите живеат во свој затворен свет на онлајн реалност, а постарите се изгубени во трка за профит, омраза на различностите, политички ривалитет… Ни фали љубов, ни фали насмевка на лицето, ни фали одмор од моменталната реалност…“ завршува Митров во интервјуто за Струмица Сити.
Неверојатната легенда за Свидовица – селото на вдовиците
Село Свидовица се наоѓа во подножјето на планината Беласица, југоисточно од градот Струмица, во непосредна близина на село Куклиш. Кога дошле Турците – Османлии на овие простори, селото Свидовица станало чифлик. Христијанското население било истиснато од муслиманите, поради што морало да се пресели во соседното село Куклиш. Така Свидовица било чисто турско село се до Првата светска војна кога голем број од муслиманското население се вратило назад во Турција. Повеќе →
Моја, твоја, наша Струмица – во духот на Велигден
Се наближува големиот православен христијански празник Велигден и во Струмица секоја година се слави Христовото воскресение. . А како и секогаш – на денот недела. Повеќе →
Село Смолари – живописен дар од Бога
Село Смолари се наоѓа во северното шумовито подножје на Беласица, наречено Подгор, оддалечено околу 25 километри од Струмица. Селото е познато по своите природни реткости, особено по фасцинантниот смоларски водопад на реката Ломница, како и по богатството со природни извори на кристално бистра планинска вода. Повеќе →
Моја, твоја, наша Струмица – за Тримери
Адетите и обичаите на Струмица воодушевуваат секоја година, традиционално. Еден ваков обичај, кој восхитува поради својата уникатна природа, е празникот Тримери. Овој адет е несекојдневен и типичен само за Струмица. Повеќе →
Споменикот „Струмичанка под маска’’ – симбол за Струмичкиот карневал
Споменикот „Струмичанка под маска’’ се наоѓа од 2010 година на плоштадот „Гоце Делчев’’ чија реконструкција беше во истата година. Споменикот го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот кој Повеќе →
Моја, твоја, наша Струмица – за Прочка
Прочка (Поклади) е ден во православното христијанство кога верниците меѓусебно си простуваат. Прочка, во зависност од датумот на Велигден секогаш е седум недели претходно. Повеќе →