Во понеделник во Струмица ќе се одбележи Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА Струмица (ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица) на 03.12.2018 г. (понеделник) со почеток од 18:00 часот во Дом на АРМ – Струмица (голема сала), Ве кани на хуманитарна манифестација по повод одбележување на 3-ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

На хуманитарната манифестација ќе бидат претставени креации од серијата креативни работилници кои ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица ги реализираше во текот на 2018 година.
На манифестацијата, ученици од ООУ „Видое Подгорец” – Струмица и ООУ „Никола Вапцаров” – Струмица, ќе се претстават со рецитали/мини драми за еднаквоста на децата, во кои вклучени ќе бидат и членови на ЦПЛИП – ПОРАКА Струмица, односно и лица со интелектуална попреченост, со што ќе се пренесе порака за еднаквост, заедништво и потребата од поглема инклузија во сите пори на општеството. Исто така, на настанот ќе се изведе и претстава од ученици од ПОУ „Св. Климен Охридски” – Ново Село и музичка точка на ООМУ „Боро Џони” – Струмица.Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)

Comments are closed.