Вечерва ќе се одржи петтата форумска сесија

Во големата сала на домот на АРМ, вечерва, со почеток во 18 часот ќе се одржи петтата форумска сесија која што е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во општина Струмица 2018/2019 година.
На оваа последна сесија присутните ќе имаат можност да учествуваат во изборот на приоритетни програми и проекти за реализација од буџетот на општина Струмица за 2019 година.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината.46513463_1895122707207817_6845334402671575040_n

Comments are closed.