Заедничко дружење и учење преку проектни активности во ООУ „Маршал Тито“ од Струмица

Во рамките на проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци и имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието од Скопје, ученици од мешан етнички состав во основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица, следеа часови по наставните предмети општество и граѓанско образование. Со поддршка на нивните наставници, преку различни методи и наставни форми на работа, во корелација со програмски содржини од општеството, ликовното и музичко воспитување и граѓанското образование, учениците низ игри, песни и цртање презентираа пораки за развивање на позитивна социоемоционална клима во групите, меѓусебно почитување, помагање и соработка меѓу учениците од различна етничка заедница, тимско работење и заедничко дружење. Во рамките на проектот е финансирана и секција, која работи според посебен акционен план. На дел од наставните часови присуствуваа и претставници од општина Струмица и член од Советот на општина Струмица.

Општина Струмица, како партнер во овој проект, преку Комисијата за меѓуетничка интеграција во образованието формирана од градоначалникот на општина Струмица, постојано ги следи и продолжува со поддршка на активностите планирани во годишните програми на училиштата.46767554_1903153689738052_1854108055646502912_o 46942685_1903153423071412_3531977093283840000_o 47002854_1903153446404743_7110819710060462080_o 47193951_1903153479738073_5817091572419788800_o

Comments are closed.