Основци од Струмица во посета на националната установа „Танец” и културно – уметничкото друштво „Јени Јол“ од Скопје.

Во рамките на пректот „Jакнење на мултиетнитчка соработка во општините“ учениците од основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, заедно со наставниците Милена Ристовска, Зоја Муканова и Лидија Настева, кои се дел од тимот за реализација на проектот, спроведоа активност – посета на националната установа „Танец” и културно – уметничкото друштво „Јени Јол“ од Скопје.
При посетата на НУ„Танец“ учениците се запознаа со формирањето, активностите и историјатот на овој реномиран македонски ансамбл, а ги посетија и просториите со народни носии кои ги користат за своите настапи и со народни и музички инструменти кои ги користи оркестарот. Учениците имаа можност и лично да се запознаат со дел од познати музичари и да присуствуваат на редовна проба на играорците во придружба на оркестарот и секако беа воодушевени од тоа што го видоа притоа потсетувајќи се на прекрасни народни ора, но и од професионалното работење на играорците. Учениците се дружеа, поставуваа прашања и фотографираа.
Прекрасната дружба меѓу учениците продолжи со посета на КУД „Јени Јол“-Скопје, каде што учениците ги разгледаа просториите во кои играорците ги реализираат своите проби, просторијата со турски народни инструменти и сите награди и признанија кои ова друштво ги има освоено во текот на своето постоење. Учениците го посетија и државното основно училиште „Тефејуз“ кое изведува настава на турски јазик. Љубезно пречекани го разгледаа училиштето, кабинетите, библиотеките и беа запознати со начинот на изведување на наставата. Средбата заврши со договор за идна соработка помеѓу двете училишта. Како продукт од посетите беше албумот со фотографии што го креираа учениците.46798808_1902122736507814_6159320420605493248_o 46875552_1902122226507865_7647447788904513536_o 46889847_1902122136507874_1666444214176579584_o 47159673_1902122423174512_8139088477619748864_o 47164194_1902122153174539_3943487960137072640_n

Comments are closed.