Екипата на Академија Пандев ремизираше во натпревар од 16. коло од ПМФЛ од Ренова играјќи 1:1.
Со оваа реми Академија Пандев останува на третата позиција на табелата со вкупно 26 освоени бодови, и има негатива од 5 бода во однос на Вардар кој е втор, а повеќе 3 бода во однос на Работнички кој е четврти. Ренова со оваа реми е петта на табелата и има освоено 20 бодови.
Во следното коло Академија Пандев има тежок натпревар во Тетово против лидерот на табелата Шкендија, додека Ренова ќе гостува кај Шкупи.