Хоризонт Турново против Младост од Удово

Фудбалерите на Хоризонт од Турново денес силите ќе ги одмерат против екипата на Младот од Удово, во натпревар од 9. коло од Третата лига Југоисток.

АРХИВА

АРХИВА

Турновци во досегашниот тек од сезоната собраат девет бодови и се пласирани на треттото место на табелата, додека Младост од Удово со исто толку бодови е четврти.

Трите бодови се важни и за двете екипи во борбата за третото место, како би можеле и да ја зголемат бодовната разлика во однос на Василево, кој со убедливата победа над Спартмани од 5:0, на табелата се доближи до Турново и Младост.

Во претходното коло Хоризонт загуби од Тиверија со 0:3, додека Младост од Удово загуби минимално со 0:1 од лидерот на табелата Дојранско Езеро.

Comments are closed.