Беласица денес против Шкупи на гостински терен

Екипата на Беласица денес ќе го одигра натпреварот против Шкупи од 16. коло од ПМФЛ, на стадионот Чаир со почеток од 13:00 часот.

АРХИВА

АРХИВА

Овој дерби натпревар од дното на табелата ќе биде важен и за двете екипи, во борбата за нови бодови и избегнувањето на црвената зона на табелата. Беласица во моментот е осмопласирана на табелата и има 17 освоени бодови, додека Шкупи е деветти има еден бод помалку.

Во претходно коло Беласица беше сигурна со 3:1 против Ренова, додека Шкупи одигра нерешено (2:2) против Македонија ЃП.

Comments are closed.