Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса уште еднаш ја потврдија својата хуманост.

Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса уште еднаш ја потврдија својата хуманост. Со помош на родителите и наставниците донираа играчки, сликовници и друштвени игри на одделението за педијатрија во медицинскиот центар во Струмица. Целта на оваа хуманитарна акција реализирана по повод Светскиот ден на детето е да им го направат попријатен престојот на децата на ова одделение.46501756_1894409997279088_8143909071603367936_n (1) 46645644_1894409990612422_8459181622707617792_n

Comments are closed.