Пред бизнис заедницата на Струмица беа презентирани владините економски политики „План за економски раст“

Во салата на Советот во домот на АРМ, денеска се одржа работна средба со бизнис заедницата на општина Струмица на која што беа презентирани владините економски политики „План за економски раст“. На средбата, покрај домаќинот, градоначалникот Коста Јаневски, учествуваа Зорица Апостолска, министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Бисера Јордановска, претставник на Фондот за иновации и технолошки развој и Ана Ѓоргиева од кабинетот на министерката Апостолска. Градоначалникот Јаневски потенцираше дека општина Струмица ги поддржува ваквите иницијативи и мерките на Владата на Република Македонија кои го поттикнуваат економскиот развој и апелираше до бизнисмените  да ги користат фондовите и финансиската поддршка која што им се нуди.1 (1)

-Моето лично чувство е дека нашите фирми би требало малку похрабро да пристапуваат кон овие фондови, има многу можности кои не се до крај искористени и сакаме да ја сузбиеме таа првична извесна доза на скептицизам и недоверба да се аплицира кон овие фондови. Со конкретните примери, денес на оваа средба ќе докажеме дека тие се реални, дека се можни и дека одредени  фирми ги имаат искористено и аплицирано квалитетно. Јас би сакал да ги  охрабриме уште еднаш да аплицираат, да понудат свои проекти кои што реално се остваруваат и многу од нашите фирми веќе имаат конкретни бенефити. И тоа е заложбата на општината. Општина Струмица секогаш ќе ги поддржува ваквите проекти, иницијативи, политики  на Владата и во тој контекст упатувам еден апел до нашите фирми да бидат малку поагилни, похрабри и со поголема верба дека ова се реални фондови, и секако сите да го почувствуваме бенефитот од таквите политики кои што ни претстојат пред нас, рече градоначалникот Јаневски.2 (1) 3 (1) 4 (1) 5 (1) 6 (1)

Comments are closed.