Градоначалникот Коста Јаневски одржа средба со жителите на населените места Рич и Попчево

Градоначалникот Коста Јаневски и неговите соработници синоќа одржаа средби со жителите на населените места Рич и Попчево. На средбите разговараа за проблемите кои што ги имаат и кои ќе може да се решат во буџетска 2019 година. Подобрување на уличното осветлување, асфалтирање и тампонирање на улици и патишта, санација на водоводната мрежа, филтер станица, резервоар за вода, да се средат игралиштата, да се реконструира старата амбуланта, беа дел од предлозите на граѓаните за подобрување на животот во нивните населени места. Собирите ќе продолжат утре (22.11.2018 година) во населените места Костурино, Раборци и Добрејци во 18, 19 и 20 часот.46457841_1892694234117331_6017748170996449280_n 46486382_1892694070784014_5692483206679363584_n 46495615_1892694104117344_7286983295559008256_n 46508427_1892694090784012_1238371124501282816_n 46510750_1892694250783996_2143916883819102208_n 46526129_1892694260783995_3012783781342871552_n

Comments are closed.