Градоначалникот Јаневски на собир во населените места Габрово, Банско и Муртино

Изведба на атмосферска и фекална канализација, изградба на филтер станица, асфалтирање на улици, чистење на одводни канали, детски градинки, се дел од барањата на граѓаните од населените места Габрово, Банско и Муртино, презентирани на Собирите кои што синоќа ги одржаа градоначалникот Коста Јаневски и неговите соработници, пред донесувањето на буџетот за 2019 година. Собирите со граѓаните по месните заедници продолжуваат вечерва во населените места Рич и Попчево, а ќе се одржат во 18 и 19,30 часот во просториите на училиштата.46456454_1891633310890090_2301987812209065984_n 46476192_1891633337556754_3947449010905677824_n 46496148_1891633210890100_5800126550384836608_n 46791015_1891633194223435_8596446887702167552_n

Comments are closed.