Претставници од основните и средни училишта од Струмица учествуваа на отварањето на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“

Претставници од основните училишта „Гоце Делчев“ од Вељуса и „Сандо Масев“ од Струмица, средното општинско училиште „Јане Сандански“ и од општина Струмица, учествуваа на отварањето на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“ кој што го спроведува фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Општина Струмица е дел од општините кои учествуваат во проектните активности:градење капацитети на граѓанскиот сектор и локалните власти за планирање, собирање податоци и мониторинг и евалуација во однос на состојбата на лицата со попреченост со цел развивање на инклузивни локални заедници, градење на инклузивни средини за учење, подготвување на локален Акциски план за инклузија на лицата со пречки во развојот, обука и кариерно советување на ученици и млади со попреченост за вработување, развивање на модел на „Инклузивна општина“ и други активности. Овој проект се спроведува до 2020 година.46480365_1891774454209309_5318775052827623424_o 46480376_1891774364209318_3104892305648123904_o 46494421_1891774470875974_2248688324627660800_o 46498034_1891774354209319_8868343404442943488_o 46511079_1891774344209320_6284541751193501696_o

Comments are closed.