Ќе се одржи проектен форум за реализација на дел од проектот: „Зајакнување на општинските совети“

Oпштина Струмица ги поканува  граѓаните на   проектен форум  за Плоштад_Гоце_Делчев_Струмица_(2)на ден 20 ноември 2018 година (вторник) со почеток во 13,00  часот во големата сала на Домот на АРМ во Струмица.

 

На форумот, ќе може да даваат предлози за реализација на проекти  од интерес на граѓаните на општина Струмица, пред се  од областа на социјалната заштита,  од кои низ форумскиот процес ќе се изберат проекти  со кои  ќе се аплицира  преку УНДП   и Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада, за реализација   на конкретни проекти   на подрачјето на Општина Струмица со  грант од 50.000 швајцарски франци.

 

Присуството на граѓаните, невладините организации, здруженијата на граѓани  и претставниците  на  институциите, како  и нивното активно учество  во проектниот форум ќе даде  голем придонес и ќе биде од особено значење за  успешно спроведување на проектниот циклус и изборот на проекти  предложени и подржани од граѓаните на општина Струмица.

Comments are closed.