Василево во недела против Спартмани

Фудбалерите на Василево во недела ќе го одиграат натпреварот од 8. коло од Третата лига Југоисток против екипата на Спартмани.

АРХИВА

АРХИВА

Василево во моментот е пласиран на претпоследното петто место на табелата со вкупно 4 освоени бодови, при што фудбалерите на екипата од Василево постигнале 7 погодоци, а примиле 23, додека Спартмани е на последното шесттото место на табелата со два освоени бодови, а оваа екипа има постигнато девет погодоци, а примено 14.

Во претходното коло Василево загуби од Тиверија со 4:2, додека Спартмани со резултат од 2:3 беше поразен од Младост од Удово.

Comments are closed.