Преглед ПМФЛ: Академија Пандев трета, Беласица последна на табелата

По 14 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига Академија Пандев е трето пласирана со 22 освоени бодови, додека Беласица е на последното десетто место на табелата со 14 освоени бодови.

Пандевци во досегашниот тек од сезоната забележаа осум победи, четири ремиа и 2 порази, при што имаат постигнато 16 голови, а примено 22. Од екипата на Академија Пандев најдобар стрелец со шест постигнати погодоци е Љупче Дориев.

АРХИВА

АРХИВА

Беласица по 14 одиграни кола е последна на табелата со 14 освоени бодови. Фудбалерите на Беласица имаат забележано три победи, пет ремиа и 6 порази, при што имаат постигнато 11 погодоци, а примено 21. Во редовите на Беласица Зоран Балдовалиев и Филип Ивановски имаат постигнато по 4 погодоци.

Лидер на табелата е актуелниот шампион Шкендија со 31 освоен бод, додека второпласиран е Вардар со 28 освоени бодови, Пандевци се трети со 22 бодови. На долниот дел од табелата е Беласица како последнопласирана со 14 бодови, исто колку што има и Силекс од Кратово кој е деветтопласиран, додека Шкупи со 15 бодови е на осмата позиција на табелата.

Најдобар стрелец во Првата лигата во овие 14 одиграни кола е Бесарт Ибраими од Шкендија со 11 постигнати погодоци, додека на второто место е играчот на Ренова Влатко Стојановски со 10 погодоци.

Comments are closed.