Денеска во домот на АРМ беше презентиран проектот Agritech на EUROPE STARTUP AWARD

Денеска во домот на АРМ беше презентиран проектот Agritech на EUROPE STARTUP AWARD, а во рамките на активностите за промоција на започнувањето со работа на Бизнис иновацискиот центар Струмица.43284734_2392623534111779_1664158539955830784_n

Аграрот е, без сомнение, примарна стопанска гранка во нашата општина и во целиот струмички регион, од која егзистираат мнозинството граѓани. Поради тоа, секој ангажман, секој новитет или позитивна мерка во функција на развојот на земјоделството, се повеќе од добредојдени. Подобрувањето на квалитетот на производство, само по себе подразбира подоходовен аграр и се разбира, позадоволни земјоделски производители, па затоа сите директни и индиректни ангажмани на повиканите чинители во општеството и заедницата, мора да бидат насочени во правец на исполнување на таа цел. Иако земјоделството не спаѓа во оние дејности кои директно се под ингеренции на единиците на локалната самоуправа, сепак умешноста во менаџирањето со општините, може да создаде поволни услови за унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на животот во руралните средини. Токму од тие причини, Општина Струмица, во својата Стратегија за локален економски развој, 2016 – 2020 година, го позиционира земјоделството, како втора од петте приоритетни области, веднаш по економијата и инвестициите – изјави Коста Јаневски, градоначалник на Општина Струмица.43207510_2392623694111763_119322218776756224_n 43243177_2392623634111769_6572574026273652736_n 43257465_2392623640778435_4637578623908315136_n

Comments are closed.