Се пееше со „Распеани струмичани’’, а потоа сите ја пробаа посната тримерска трпеза – чурек, сарма со ореви,посен грав, леблебија, алва, боза… Вака денеска во НУЦК „Антон Панов’’ се одбележи стариот струмички празник – Тримери.
ШТО СЕ ТРИМЕРИ?
Зборот Тримери потекнува од грчкиот збор што во превод значи „три дена’’ и овој празник го означува почетокот на Велигденскиот пост.
На времето, овој пост го постиле три дена армасаните девојки, без јадење и пиење. За да биде полесно постењето, армасаните девојки се збирале во едната куќа, а на другите околу нив им било забрането да говорат за јадење и пиење. На третиот ден по завршувањето на постите, младите невести одат во црква каде зимаат причест, односно јазното (света вода) и нафора.
Кога се враќат дома, останува традицијата свекрвата со свои гости да оди кај армасаницата. Се собират исклучиво жени (тримерџики) и се носат дарови и посни јадења. Се почнува од куќата на свекрвата кај невестата. Даровите преставуваат подарок од свекрвата на невестата за нејзината издржливост во постењето. Во куќата на армасаната се пејат еротски песни кои прествуваат еден вид на запознавањето на невестата со идниот брачен живот.