Муслиманите денеска го прославуваат Курбан-бајрам

Верниците од муслиманската веросиповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз почнува тридневна прослава, во која почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан.

Курбан-бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр-бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран светиот Куран.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

 

Comments are closed.