Струмичка кујна – Мусака со модри патлиџани

Има разни мусаки, но струмичката со модри патлиџани е нешто посебно, би сакала да ја пробате. За да биде убава, треба две основни работи, повеќе зејтин и сочни домати.  Во последно време користам маст и многу сум задоволна, испадна дека е најздрава .За оваа мусака се вели дека треба многу маст и многу работа, затоа што во старо време прво се пржеле патлиџаните, па се ределе, но денес тоа се избегнува…2016-07-25_12-48-22_s

Старинскиот начин си е најубав, највкусен, ама ајде малку поздраво да се храниме. За да биде вкусна, а и убава на око, ви треба земјана тава за печење или длабоко тенџере.

Состојки

  • 500 гр мелено мешано месо
  • 3-4 модри патлиџани
  • 4 големи домати
  • пиперка
  • морков
  • кромид
  • магданос
  • лук
  • сол
  • сушен зачин
  • црвен пипер
  • црн бибер
  • зејтин
  • маст

2016-07-25_15-13-17_sПостапка

  1. Најпрво исечете ги модрите патлиџани на тркалца, посолете ги и оставете ги да ја пуштат лутата вода. Мерките се од око и зависат од големината на патлиџаните…
  2. Исечете ги доматите на кругчиња, а кромидот, пиперката, морковот и лукот на мали парчиња.
  3. Испржете го кромидот, додадете ги пиперката и морковот, нека се пржат убаво, при крај, додадете го лукчето и месото. Ако сакате, месото испржете го посебно, јас така правам, кога е позацрвено, поубаво ми е.
  4. Додадете црвен пипер, другите зачини, магданос.
  5. Сега ззмијте ги патлиџаните, исушете ги со салфетка и повторно насолете ги.
  6. Почнете да редите во тавата, како за мусака, прво патлиџани, па одозгора месо, па домати. Повторно по истиот редослед, уште еднаш, па уште еднаш ако имате мастраф. Мусаката треба да заврши со домати. Колку повисока, толку полична.
  7. Ставете маст или зејтин одозгора, исто така врела вода, но внимавајте да не е многу водата и ставете ја на печење, околу  1,30 мин.

Мусаката не се сече веднаш, треба време да се стегне, ако сакате убави парчиња.

Добар апетит!2016-07-26_12-06-14_s 2016-07-26_12-42-25_s 2016-07-26_12-42-53_s 2016-07-26_13-13-09_s 2016-07-26_14-56-47_s

Пишува: Весна Рохр

 

Comments are closed.