Општина Струмица и турската општина Шаркој ја потврдија заложбата за воспоставување соработка

На покана на градоначалникот на општина Шаркој, Република Турција, Сулејман Алтинок, тричлена делегација од општина Струмица, предводена од претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, беше во тридневна посета на оваа општина. Целта беше воспоставување и потврдување на заложбите на овие две општини за развој на соработката во сите полиња, како и создавање на можност за нивно идно збратимување.13690814_1023578597695570_8761129866358210838_n

На истата средба покрај претставници на општина Струмица, присуствуваа и претставници на уште три општини од три држави, општина Бјала од Република Бугарија, општина Валу Луи Траиан од Република Романија и општина Цопцеац од Република Молдавија. Сите пет општини го потпишаа Првиот протокол-Меморандумот за разбирање заради воспоставување на соработка и партнерство на сите нивоа.13775519_1023578514362245_6513002540671483903_n

Оваа протоколарна средба имаше за цел меѓусебно запознавање со културите, традициите и економскиот развој на сите пет општини од петте држави, а воедно беше и можност за размена на искуства и добри практики кои во иднина ќе придонесуваат за унапредувањето и развојот на секоја од општините поединечно.
Во периодот кој што следува општина Струмица ќе отпочне процедура за збратимување со општина Шаркој од Република Турција.

Comments are closed.