Одржана креативна работилница за климатските промени

По повод 5. јуни Светскиот ден на животната средина, денес во Малиот градски парк се одржа креативна работилница на тема „Климатски промени“. На истата учествуваа ученици од основните и средните училишта кои цртаа и пишуваа еко-пораки за климатските промени. На овој начин беше означен почетокот на проектот „Локална кампања против климатските промени“ финансиран од Општина Струмица и EVN.net мрежата.

DSC_6471Целта на работилницата и на самата кампања е подигање на свеста за влијанието на климатските промени, како и улогата на младите во разрешување на последиците од климатските промени. Организатори на работилницата беа Еколошкото друштво „Планетум“ и 4х4х4 Балкански мостови.DSC_6480 DSC_6475

Comments are closed.