Фудбалерите на Беласица претрпеа пораз од Работник Џумајлија (2:0) во рамките на 16. коло од Третата лига – Исток.
Домаќините резултатот го отворија уште во 2. минута од натпреварот, а стрелец на овој погодок беше Игор Тодоров. Работник водството го зголеми во 41. минута преку Христијан Гоцев.
Во вториот дел од натпреварот мрежите мируваа.
Беласица по поразот останува и понатаму на третото место на табелата со 29 бода и три бода предност пред четвртопласираниот Овче Поле.
Во следното коло кое што се игра на 17 април, Беласица на домашен терен го пречекува Овче Поле, тим кој моментално е пласиран на четвтото место на табелата со 26 бодови.