Повик за учесници на обукa за млади од руралните средини на тема „Начин на регистрирање на здруженија и фондации“

Центарот на заедницата на општина Струмица, во рамки на концептот „Општина по мерка на граѓаните“ имплементиран од страна на Фондација Отворено општество –Македонија во партнерство со Општина Струмица, објавува повик за млади од руралните средини на тема: „Начин на регистрирање на здруженија и фондации“.

CaptureГлавна цел на обуката е да им се објасни на младите од руралните средини правото на слободно здружување преку здруженија, фондации, сојузи и други организациони облици, со цел остварување на нивните замислени цели, дејности и заштита на права, интереси и уверувања. Исто така, со оваа обука на младите од руралните средини ќе им се доближи можноста за нивно вклучување во невладиниот сектор и можноста, преку нивно активно младинско учество, да влијаат врз промените во општеството, донесувањето на националните и локалните политики, можноста за партиципативно учество во процесот на одлучување, како и можностите и предностите за развој на нивните капацитети преку вклученост во работата на граѓанските организации.

Обуката ќе се одржи во две серии: првата на 20.04.2016 г. (среда) во канцеларијата на месната заедница во с. Дабиље и втората на 21.04.2016 г. (четврток) во канцеларијата на месната заедница во с. Муртино. Кандидатите за учество на обуката треба да ги исполнуваат следните критериуми: – Да бидат на возраст од 15 до 30 години; – Да живеат во рурално населено место; – Да покажат интерес за стекнување и примена на знаења и вештини за регистрација и функционирање на здруженија и фондации и – Да покажат интерес за идно вклучување во граѓански организации и интерес за регистрирање на нови.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до понеделник, 18април 2016 година, со испраќање на комплетно пополнета електронска пријава на следниот e-mail: goran.sachevski@ccstrumica.mk.

Пријавата може да се преземе од официјалната web страна на Центарот на заедницата на општина Струмица: www.ccstrumica.mk. Максималниот број на учесници е 20. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со посебни потреби.

Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуката во горенаведениот период. Обуката ќе се одржи на македонски јазик од страна на искусни обучувачи.

За дополнителни информации и/или прашања, заинтересираните може дасе обратат на е-mail: goran.sachevski@ccstrumica.mk или на тел. 034/334-117.

Comments are closed.