Струмичките пожарникари интервенирале 7 пати во минатата недела

Струмичките пожарникари имале 7 интервенции во градот и населените места во периодот од 4 април до 10 април.
fire-12-1-640x406

Во овој период, струмичките пожарникари учествувале во гаснење на опожарена површина – сува трева и трска во месноста Софилар, како и во атарот на село Василево и на патниот правец с.Свидовица – с. Банско.  Исто така, струмичките пожарникари интервенирале во гаснење на опожарена плевна во с. Борисово, а технички интервенирале на две места во градот и контролирале потенцијално опожарување на електричен столб во с. Радово.

Со брзата и навремена интервенција на ТППЕ – Струмица спречени се штети од поголем размер.

Comments are closed.