Кошаркарите на КК Струмица загубија од Куманово со резултат од 70:80 (17:25, 16:17, 20:20, 17:18) во рамките на 25 коло од Првата кошаркарка лига.
Кошаркарите од Струмица го завршија мечот со двоцифрена негатива.
КК Куманово до триуфмот го предводеше Бојан Трајковски со 19 коша и 7 скока. Томчо Соколов со 16 поени и 5 скока беше најефикасен кај домаќините.
Во следното 26. коло кое што е закажано за 16 април, кошаркарите на Струмица гостуваат кај Бест.