Турновци утре гостуваат кај екипата на Работнички во рамките на 26. коло од Првата македонска фудбалска лига. Оваа ќе биде тешко гостување за фудбалерите на Турново.
Работнички моментално е пласиран на 5-то место на табелата со 33 бодови, Турново е место подолу и има 30 бодови. Доколку утре Турново го победи Работнички, тогаш Турновци би можеле да се искачат на петтото место на табелата, со што би имале по 33 бодови со Работнички, но доколку фудбалерите на Турново загубат тогаш разликата ќе се зголеми на 6 бодови, а би постоело можност и да се најдат на осмата позиција доколку Ренова и Брегалница забележат победи.
На последните 5 натпревари, Турново бележи три победи во низа, еден пораз и едно реми, додека Работнички на последните пет натпревари, во два загубил, додека на три натпревари немало победник.
Во однос на меѓусебните пресметки овие две екипи одиграле вкупно 25 натпревари. На 15 натпревари Работнички бил победник, Турново во меѓусебните пресметки добил 6 натпревари, додека на четири натпревари немало победник.