Најава на 16-то коло Трета лига – Исток

Беласица во следното 16. коло во рамките на Третата лига – Исток гостува кај екипата на Работник Џумајлија. Во моментов Беласица е пласирана на третото место на табелата со 29 освоен бод, додека екипата на Работник Џумајлија е пласирана на шестото место со 22 освоени бодови.

Фудбалерите на Академија Пандев гостуваат кај екипата на Напредок Здравје Радово. Академијата во моментов е првопласирана со 41 освоен бод и има 3 бода повеќе од второпласираната Плачковица од Радовиш. Напредок Здравје Радово е пласиран на седмото место со 21 бод.

Состојбата на табелата по 15. одиграни кола е следна: Академија Пандев е првопласирана со 41 освоен бод, Плачковица е второпласирана со 39 бодови, третопласирана е Беласица со 29 бодови.

TMFL - Istok - 15 kolo

На долниот дел од табелата е Карбинци со само 3 освоени бодови, место погоре е Каменица Саса со 7 бодови, додека на делба на деветото место е Слога и Баби со по 13 бодови.

16-то коло од Третата лига – Исток се игра во недела.

 

Comments are closed.